Компании
HSBC има намера да укине 50.000 работни места
Банката HSBC планира да укине вкупно 50 илјади работни месата, да го скуси работењето на својата инвестициска банка, како и да ја намали ризичната сопственоста за 290 милијарди американски долари за да ги подобри своите деловни резултати, објави во вторникот оваа четврта по големината европска банка.
Оваа информација банката HSBC ја објави на берзата го Хонгконг пред презентацијата за инвеститорите и аналитичарите на која извршниот директор Стјуард Гуливер ги изнесе деталите за својот втор голем стратешки план откако го презема водството на почетокот од 2011 година.
Кастрењата, коишто ќе зафатат речиси половина од работната сила на банката, ќе се однесуваат на 25.000 вработени во бразилските и турски филијали, којашто банката планира да ги продаде, како и на 22.000 до 25.000 вработени кој ќе добијат отказ поради консолидирањето на работата поврзана со ИТ и канцелариското работење, како и со затворање на подружниците. По тие резови, HSBC ќе имаат околу 208.000 работници со полно работно време, наспроти 258.000 на крајот од 2014 година.
Меѓутоа, од банката истакнуваат дека по тие кастрења, кои би требало да бидат завршени до 2017 година, ќе следи вработување во областите во коишто се очекува.
„Масакрот на персоналот не е нужно решение, освен доколку управата сака да ја направи банката значително помалку сложена“, изјави за Reuters Хамес Антос, аналитичар во компанијата „Mizuho Securities Asia“.
Од HSBC, исто така, најавија дека ќе ја скусат и својата филијала за глобално банкарство и пазарите на помалку од третина од сегашната вредност на билансот на банката од 2.600 милијарди долари, од сегашното ниво од 40 отсто.
Инвеститорите бараа порадикални кастрења во инвестициската банка, којашто Гуливер ја води пет години, а чиишто приноси беа погодени од тешките пазарни услови.
Банката го намали и целениот поврат на капиталот на околу 10 отсто до 2017-та, во споредната со претходно целениот од 12 до 15 отсто. Потврди и дека има намера да ги продаде своите филијали во Бразил и во Турција, додавајќи своето присуство во овие земји ќе га задржи во областа на услуги за корпоративните клиенти.
HSBC, исто така, истакна дека новата стратегија не претставува само кастрење, туку и дека ќе цели и на раст во Азија преку ширење на работењето во врска со осигурувањето и присутноста во кинескиот регион Делата на бисерната регион.
Банката утврди и 11 критериуми коишто ќе ги користи за процена дали своето седиште ќе го премести од Лондон во Азија, веројатно во Хонгконг. Критериумите вклучуваат фактори како што се економскиот раст, даночниот систем и државната поддршка за раст на банкарскиот систем. Од HSBC порачаа дека процената за можното селење на седиштето ќе го заврши до крајот на годинава./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

