Компании
И 700.000 Seat-и со уреди за мамење на еко-тест
Автомобилската компанија „Seat“ објави дека околу 700.000 нејзини возила се опремени со софтверот кој на нејзината матична компанија „Volkswagen“ и им овозможи мамење на американските тестови за емисиите на штетните материи од дизел моторите.
Портпаролот на „Seat“ изјави во вторникот дека во моментов се обидуваат да утврдат колку од тие возила се продадена на поединечните национални пазари. Во Шпанија има малку повеќе од 3.000 возила кои го имаат спорниот софтвер.
Минатата седмица „Volkswagen“ објави дека со тој скандал се опфатени 11 милиони возила. Од тоа пет милиони возила се под брендот VW, други 2,1 милиона се „Audi“, 1,2 милион „Škodа“, 1,8 милиони ванови и 700.000 возила на „Seat“.
Од „Seat“, исто така, објавија дека планираат да го контактираат сопствениците на возилата поради правење тестови. Покрај тоа, на својата интернет страница ќе стават пребарувач кој на клиентите ќе им овозможи да утврдат дали нивното возило го има споменатиот софтвер. Шпанскиот производител ја запра продажбата и испораките на новите возила со моторот ЕА 189.
Од „Volkswagen“ минатата седмица признаа дека околу 11 милиони возила со дизел мотори ширум светот се опремени со уредот кој овозможува давање поинакви податоци при еколошките тестирања, по што извршниот директор на концернот Мартин Винтеркорн понуди оставка.
Во петокот вечерта, непосредно пред именувањето на новиот челник на концернот, досегашниот прв човек на „Porsche“, Матијас Милер, беше објавени списокот со околу пет милиони возила со моторот од типот ЕА 189 кои се опремени со проблематичниот софтвер.
Американската агенција за заштита на природната средина (EPA) му нареди на „Volkswagen“ да ги отстрани недостатоците, а германската компанија ја запре продажбата на сите возила на дизел погон во САД за време на истрагата којашто може да резултира со казна во висина од 18,075 милијарди долари, што е повеќе од севкупната минатогодишна оперативна добивка на компанијата.
Германското обвинителство во понеделникот објави дека покренало истрага против Винтеркорн поради обвиненијата за „измама при продажба на возила поради манипулација со податоци за штетни емисии“./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

