Компании
IThink Academy доби нова просторија за изучување на детската програма
Во рамките на Seavus едукативниот и развоен центар од средината на септември официјално започна со работа првата ИТ академија за деца, која го носи името IThink Academy, а во четврток беше промовирана и специјалната IThink просторија во која следните ИТ генијалци ќе ги изучуваат забавните, но многу корисни модули кои ја сочинуваат програмата.
Како што беше најавувано во изминатиот период, оваа академија е замислена како воведна ИТ програма за деца од 8 до 14 години која преку специјално изготвена програма ќе им ги претстави најинтересните и најперспективните области во технологијата. Претставници на академијата велат дека веќе две групи од идните ИТ професионалци успешно го завршиле првиот модул, „Започни со IThink“ и сега се посветени на вториот модул „Мистериите на Интернетот“. Родителите кои се одлучија да ги запишат своите деца на оваа уникатна академија не го кријат задоволството од програмата. „Со оглед на тоа што моето дете 90 отсто од своето слободно време го поминува покрај електронски уреди, се роди идејата тоа време да го потроши покрај уредите, но овој пат корисно – да научи како тие уреди функционираат и како тие можат да му го поедностават животот. Првите впечатоци се дека моето дете иако со мали потешкотии, со задоволство ги посетува часовите. Се надевам дека децата толку многу ќе ја засакаат Академијата што ќе мора да продолжите со надградба на нивното образование и следните години”, вели Лидија Бундалеска родител на едно од дечињата запишани на IThink. Заинтересираноста за видео игри, програмирање и 3D анимации е причината поради која Верослава Андоновски се одлучила нејзиното дете да биде дел од академијата. Програмата на IThink, како што вели таа, изгледала најблиску до барања на нејзиното дете кое само со еден завршен модул е презадоволно и со одушевување раскажува за научените работи.Поради големиот интерес, од Seavus едукативниот и развоен центар го најавуваат отворањето на нова трета група за модулите „Забавно кодирање“ и „Сакам роботи“, чија настава ќе започне на 5 ноември, а ќе трае до 15 јуни следната година. И оваа група како претходните ќе биде составена од максимум 12 деца. Повеќе информации и детална програма за оваа академија, заинтересираните може да најдат на официјалната facebook страна на IThink: https://www.facebook.com/IThink-Academy-626467287502742/?fref=ts /крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

