Компании
Избрано победничкото решение за брендирање на гроздовиот мед на „Тиквеш“
Креативното решение за брендирање на гроздовиот мед на „Тиквеш“ на дизајнерот Гаспер Стерн од Словенија е победник на меѓународниот конкурс организиран од Skopje Design Week (SDW) и Винарската визба „Тиквеш“.
На јавниот повик кој беше објавен пред три месеци свои креативни решенија доставија 101 креативец од најразлични земји. Стручното жири имаше навистина тешка задача да го одбере најсоодветното дизајнерско решение од вкупно 202 кои пристигнаа на адресата на SDW.
„Големиот број исклучително квалитетни креативни решенија уште еднаш го потврдува високото реноме што го има ВВ „Тиквеш“, како производител на уникатни автентични производи со врвен квалитет, но и како своевиден амбасадор на Македонија и нејзините убавини во светот“, изјави Орде Ивановски од винарската визба „Тиквеш“.
Победничкото дизајнерско решение, кое доби парична награда од 2.000 евра ќе биде искористено за брендирање на новиот производ на ВВ „Тиквеш“ кој ќе биде пласиран на пазарот под името – Гроздов мед „Grapelixir“ (Грејпеликсир).
„Високата естетика и оригиналниот пристап употребен во дизајнерските решенија потврдуваат дека гроздовиот мед на „Тиквеш“ поседува исклучителен и пред се уникатен идентитет и висока вредност што дизајнерите го препознале и совршено го преточиле во овие решенија за брендирање“, потенцираше Ивановски, искажувајќи го уверувањето дека отсега ВВ „Тиквеш“, освен по своите врвни вина, ќе биде препознаен од потрошувачите и како производител на гроздов мед со одличен квалитет и полезни состојки за здравјето на луѓето.
Искажувајќи задоволство од соработката со Винарската визба „Тиквеш“, како и од квалитетот на сите пристигнати дизајнерски решенија, директорот на Skopje Design Week, Александар Велиновски рече: „Стимулирање на соработка помеѓу една светска компанија и дизајн секторот е предизвик за нас како организација. Жирито немаше воопшто лесна задача бидејќи во период од два месеци пристигнаа огромен број на предлози за гроздовиот мед, од врвни дизајнери до најмлади креативци. Вистинска штета е што само еден е победник. Интересот за учество во ваков тип на соработка расте и тоа ме куражи, следната година повторно да пласираме предлог модел за соработка помеѓу дизајн секторот и винарницата Тиквеш“.
Ова е втора соработка од ваков вид меѓу ВВ „Тиквеш“ и Skopje Design Week. Минатата година беше објавен меѓународен натпревар на кој беше избрано уникатно дизајнерско решение за виното „Шардоне“ на ВВ „Тиквеш“. Задоволни од резултатите и успехот од досегашната соработка, од ВВ „Тиквеш“и SDW најавуваат дека и понатаму ќе продолжат да вложуваат во креирање силна синергија меѓу бизнис секторот и креативната индустрија.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

