Контакт

Компании

Извинување за написот „Јосифовски и неговиот партнер го искористиле Макпетрол во оф-шор компанија за да ги оштетат акционерите“

Објавено пред

По добиено барање од адвокатот Сашко Дукоски, полномошник на претседателот на Управниот одбор на А.Д. „Макпетрол“, Андреја Јосифовски, редакцијата на Макфакс изразува јавно извинување по повод пренесеното соопштение под заглавие „Јосифовски и неговиот партнер го искористиле Макпетрол во оф-шор компанија за да ги оштетат акционерите“, објавено на 22-ри јули јули 2016 година, со што на лицето Андреја Јосифовски му е нанесената штета врз неговиот углед и чест.
 
Во продолжение го објавуваме Барањето за извинување доставено од адвокатот Сашко Дукоски:

dobivaj vesti na viber

По добиено барање од адвокатот Сашко Дукоски, полномошник на претседателот на Управниот одбор на А.Д. „Макпетрол“, Андреја Јосифовски, редакцијата на Макфакс изразува јавно извинување по повод пренесеното соопштение под заглавие „Јосифовски и неговиот партнер го искористиле Макпетрол во оф-шор компанија за да ги оштетат акционерите“, објавено на 22-ри јули јули 2016 година, со што на лицето Андреја Јосифовски му е нанесената штета врз неговиот углед и чест.

 

Во продолжение го објавуваме Барањето за извинување доставено од адвокатот Сашко Дукоски:

Предмет: Барање за извинување согласно член.13 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета

На ден 22.07.2016 година на вашата интернет-страница www.makfaks.com.mk објавен е натпис со наслов Јосифовски и неговиот партнер го искористиле Макпетрол во оф-шор компанија за да ги оштетат акционерите“, под кој наслов е поставена сликата од лицето Андреја Јосифовски и напишан текст кој содржи невистините факти изнесени за ова лице

Во самиот наслов, кој и самиот претставува, невистинито тврдење, како и во текстот под истиот, во неколку навтрати изнесувањте невистините факти, и тоа со следните тврдења кои потоа се цитирани, и тоа како следи:

„Од сигурни извори добивме документи дека, Андреја Јосифовски, кој ја „бомбардира“ јавноста во медиумите со „приказни“ за офшор компании и сомнителен капитал, заедно со Милан Сотивовски, во 1993 година, регистрирал офшор компанија Petroimpex (Overseas) Limited во Кипар користејќи го Макпетрол како еднаков партнер во оваа компанија (50% – 50%)“.

„Двајцата менаџери (Андреја Јосифовски и Милан Сотивовски), ги користеле ресурсите на Макпетрол како финансиска алатка во кипарска оф-шор зона (од 1993 до 2010 година Кипар е оф-шор зона) за да направат профит за себеси и да платат дел од него на Макпетрол како што може да биде видено во ревидираните сметки“.

„Главното прашање е: Дали Макпетрол, Андреја Јосифовски и Милан Сотивовски, ја формирале оваа компанија со еднакви основачки влогови, и дали делеле еднаков профит со акционерите на Макпетрол, или ова е сепак една класична малверзација каде парите од профитот се чисти пари на акционерите?!“

„За оваа компанија не постои ниту еден податок во македонските државни институции, дека Андреја Јосифовски и Милан Сотивовски ги регистрирале и пријавиле своите акции, според законот.“

„Иако Макпетрол работел со загуби со години, Јосифовски сепак има менаџерски договор за лојалност кој му овозможува астрономска плата и покрај тоа што не ја води компанијата како што треба и не ги задоволува барањата и очекувањата на акционерите.“

Ваквите тврдења содржат невистинити факти дека лицето Андреја Јосифовски користел оф-шор компанија за да ги оштети и манипулира акционерите на Макпетрол и самиот Макпетрол како правно лице, иако не постои ниту еден единствен доказ дека ова лице користело било каква оф-шор компанија, со цел некого да манипулира или оштетува, а најмалку акционерите на Макпетрол и самиот Макпетрол, каде е долгогодишен менаџер, а кое правно лице е една од најголемите успешни македонски компании.

Понатаму, во Вашиот текст е наведено дека од сигурни извори сте добиле документи дека лицето Андреја Јосифовски, заедно со Милан Сотивовски, во 1993 година, регистрирал офшор компанија со име Petroimpex (Overseas) Limited во Кипар, користејќи го Макпетрол како еднаков партнер во оваа компанија (50%-50%). Ваквите тврдења се целосно неточни и без било каков правен основ, бидејќи лицето Андреја Јосифовски никогаш нема основано, ниту се јавува како основач на фирма под име Petroimpex (Overseas) Limited на Кипар. Овие тврдења сте ги објавиле без да ја потврдите веродостојноста на изворот кој што Ви ги доставил документите, кое нешто секако не е во согласност со професионалната новинарска етика и вршење на новинарската професија, како и самите “документи“ кои што сте ги добиле.

Имено, наведената компанија која што Вие неколкукратно ја споменувате, воопшто не е основана од лицето Андреја Јосифовски, а уште помалку тоа е сторено на начин што е искористено правното лице Макпетрол, а ова од причина што во состојба кога ваква компанија не е регистрирана од лицето Андреја Јосифовски, не постоела можност Макпетрол да биде искористен од лице кое воопшто не ја регистрирало компанијата Petroimpex (Overseas) Limited во Кипар.

Со оглед на наведеново, горенаведеното се однесува и на Вашите тврдења дека ресурсите на Макпетрол биле користени од страна на Андреја Јосифовски како финансиска алатка во кипарска оф-шор зона, а со цел да направи профит за себеси и да плати дел од него на Макпетрол. Во состојба кога, како што споменавме, лицето Андреја Јосифовски не ја регистрирало Petroimpex, не постоела можност истото на било кој начин да искористи некого со цел да направи профит за себе, или за друг. Поради ова, исто така и прашањето кое што се поставува во текстот за формирањето на компанијата и големината на влоговите на лицата кои ја формирале во себе содржи невистинит факт дека Андреја Јосифовски ја формирал компанијата, независно од конструкцијата на самата реченица во вид на прашање, затоа што во себе веќе содржи тврдење дека лицето Андреја Јосифовски ја формирало оваа компанија, кое нешто не е случај.

Дополнително наведувате дека за компанијата Petroimpex (Overseas) Limited во Кипар не постои ниту еден податок во македонските државни институции и дека не постои податок за регистрација и пријавување на акциите на Андреја Јосифовски во оваа компанија. Не е точно дека македонските државни институции не поседуваат податоци за оваа компанија, од причина што Министерството за надворешни работи, со Решение го извршило впишувањето на оваа компанија во Регистарот на претпријатијата во странство. Во однос на тврдењето за нерегистрирање на акциите во оваа компанија од страна на лицето Андреја Јосифовски, како што неколкукратно наведовме, ова лице воопшто не се јавува како основач на Petroimpex (Overseas) Limited во Кипар и не ја регистрирало истата.

Дополнително, во Вашиот текст тврдите дека лицето Андреја Јосифовски не ја води компанијата МАКПЕТРОЛ како што треба и не ги задоволува барањата и очекувањата на акционерите. Ова е апсолутно неточно бидејќи работењето на компанијата се контролира од страна на ревизорски служби, овластени ревизори, а секоја година извештајот за работењето без забелешки се усвојува на годишно собрание на акционери каде што се присутни акционерите или нивни полномошници. Состојбата дека воопшто не наведувате како извлекувате заклучок дека компанијата не е водена како што треба или дека не се задоволени барањата и очекувањата на акционерите, укажува дека сте знаеле и сте можеле да знаете дека ваквите тврдења се невистинити и неточни.

Со сите горенаведени тврдења изнесени од Ваша страна, нанесена е штета на честа и угледот на барателот на ова извинување .Во отсуство на потврда за она што го изнесувате во цитираните тврдења, Вие сте знаеле и сте можеле да знаете дека ваквите факти се невистинити, но сепак сте ги изнеле горенаведените тврдења кои се штетни за честа и угледот на лицето Андреја Јосифовски, со што е сторена клевета согласно член 8 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Согласно член 13 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, како полномошник на лицето Андреја Јосифовски, го поднесувам ова барање за извинување и јавно повлекување на написот наведен погоре во исто време и во ист обем на Вашата интернет страница./крај/мф

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

SEAT S.A. постигна историски рекордни финансиски резултати благодарение на двоцифрениот раст и ефикасноста на SEAT и успехот на CUPRA

Објавено пред

“Кога станува збор за SEAT, ви ветувам дека најдоброто допрва доаѓа“

dobivaj vesti na viber

SEAT S.A. постигна историски рекордни финансиски резултати, благодарение на двоцифрениот раст и ефикасноста на SEAT и успехот на CUPRA

· Оперативната добивка на SEAT S.A. достигна рекордни 625 милиони евра, повратот од продажба достигна 4,4%, а прометот за минатата година се зголеми на 14,3 милијарди евра

· Нова инвестиција во брендот SEAT се новите освежувања на Ibiza и Arona, како и подобрувањето на Leon и Ateca

· Во 2024 година е планирано лансирањето на CUPRA Tavascan и CUPRA Terramar

SEAT S.A. ги претстави своите резултати за 2023 година заедно со својата стратегија за претстојните години. Минатата година, според Меѓународните сметководствени правила (МСФИ), оперативната добивка достигна рекордни 625 милиони евра, зголемувајќи се за 592 милиони евра (2022: 33 милиони евра). Ова претставува подобрување на повратот на продажбата од 4,1 процентен поен, од 0,3% на позитивни 4,4%. Годишниот промет исто така достигна историски 14,333 милијарди евра, 31,0% повеќе од 2022 година (10,941 милијарди). Овие резултати ја потврдуваат силата на компанијата и успехот на нејзината постојана стратегија за трансформација.

„Зад себе оставаме година во која SEAT S.A. ги објави најдобрите финансиски резултати во својата 73-годишна историја, осигурувајќи се дека нашата компанија продолжува на својот пат кон попрофитабилна иднина“, рече Вејн Грифитс, извршен директор на SEAT и CUPRA. „2023 година беше година на огромни контрасти за автомобилската индустрија, како и за нашата компанија, бидејќи продолживме да се движиме низ морето на несигурност додека ја претрпевме најголемата трансформација во нашата историја“.

 

„Во 2023 година, SEAT S.A. направи голем чекор на своето патување на трансформација: имавме за цел да направиме значително подобрување и тоа е она што успеавме да го направиме. Постигнавме рекорди на сите времиња во промет, оперативна добивка и оперативен готовински тек. Ова совршено ги одразува позитивните ефекти од растот на обемот на марката CUPRA и обновувањето на обемот на марката SEAT, како и важноста на напредокот што го постигнавме со нашата програма за подобрување на перформансите“, рече Дејвид Пауелс, потпретседател за финансии и ИТ во SEAT. С.А.

ИНВЕСТИЦИИ ВО БРЕНДОТ НА SEAT

Гледајќи во иднината, SEAT S.A. ја има поставено вистинската стратегија за да го одржи профитабилниот раст на компанијата. Брендот SEAT ќе игра клучна улога во ова и компанијата ќе лансира подобрени plug-in хибридни и штедливи автомобили на SEAT.

Arona и Ibiza ќе добијат подобрување во 2025 година, а во следните месеци, марката ќе лансира нова и подобрена верзија на SEAT Leon, со технички и технолошки надградби. Понатаму, Ateca ќе биде подобрен и неговиот животен циклус ќе се продолжи.

„Го враќаме брендот SEAT таму каде што припаѓа, продолжувајќи го двоцифрениот раст од минатата година со нови инвестиции во брендот и неговите модели. Исто така, разгледуваме што можеме да испорачаме во електричниот свет под брендот SEAT. Кога станува збор за SEAT, ви ветувам дека најдоброто допрва доаѓа“, додаде Вејн Грифитс.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

„Зегин онлајн“ е најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина за 2023 година

Објавено пред

Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија вчеравечер се одржа Ecommerce Awards, избор на најдобрите во македонската е-трговија.

dobivaj vesti na viber

Компанијата Зегин со е-продавницата www.zegin.com.mk беше номинирана во неколку категории, а го освои првото место во категоријата „Најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина“, што претставува уште една потврда дека квалитетот, професионалноста, вложениот труд и љубов секогаш резултираат со успех.

Изборот на најдобрите е-трговци има за цел да ги препознае и награди најдобрите со што ќе придонесе за мотивација и охрабрување за уште подобра работа, да ја крене свеста за потенцијалот и да ја промовира е-трговијата, како и да ја зајакне конкурентноста и да охрабри унапредување на работењето кај постојните и идни е-трговци.

„Оваа награда, трета по ред претстаува уште еден доказ за успешноста на работењето на онлајн продавницата на Зегин- www.zegin.com.mk и е одлична мотивација за уште попосветена работа, поквалитетна понуда, како и позадоволни купувачи во иднина. Ви благодариме за лојалноста и довербата!“, велат од компанијата за наградата.

Манифестација за доделување на македонските Награди за е-трговија за 2023 година – E-commerce Awards, се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири комисијата и наградените е-трговци.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Тековните предизвици и можности на винските пазари и значењето на географските ознаки за македонското вино – теми во фокусот на регионалната конференција за вино

Објавено пред

Како да се искористат актуелните трендови на глобалните вински пазари за подобро позиционирање на македонското вино, како да се зголеми препознатливоста на нашите вина, зошто е исклучително важно воведувањето географски ознаки на виното и какви придобивки ќе донесе овој процес. Ова се само некои од прашањата за кои се имаше дискусија на регионалната конференција за вино, што ја организираа здружението „Вина од Македонија“ и винарската визба „Тиквеш“, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ).

dobivaj vesti na viber

„За да се зголемат продуктивноста и додадената вредност на домашната винска индустрија, нејзината конкурентност и вредноста на извозот, како и нејзината отпорност на тековните предизвици, вклучувајќи ги и ризиците од климатските промени, неопходни се големи вложувања во знаење, во нови технологии и дигитализација, во организација, окрупнување на лозјата и создавање ефикасни кооперантски односи, како и во воведување нови правила, стандарди и механизам за државна поддршка и поголема регионална соработка. Сето ова мора да се заснова на научен пристап користејќи ги искуствата на развиените земји, кои поминале низ оваа трансформација и може да ни помогнат да го оствариме она што е нашата главна задача – зголемување на извозот на квалитетно вино, кое ќе биде препознатливо и ценето од потрошувачите во светот“, порача во своето воведно обраќање на конференцијата претседателот на здружението „Вина од Македонија“, Светозар Јаневски.

Во рамките на конференцијата се одржаа три работни сесии на кои реномирани експерти од Универзитетот „Гајзенхајм“ во Германија, професорите Јон Ханф и Силвија Димер говореа за состојбите на глобалниот пазар на вино, за спецификите на посебните пазарни нишки во Европа и за значењето на правните и техничките услови за извоз на вино. Една од поважните пораки што ја потенцираа експертите се однесуваа на важноста на заедничкиот настап на компаниите на пазарот истакнувајќи дека ваквиот пристап може да креира ефективни резултати доколку секоја компанија настапи одговорно и самостојно покрај заедничките активности како кластер.

Поздравувајќи ја организацијата на оваа конференција, регионалниот советник за земјоделство во германската амбасада во Скопје, Франк Мулер, го нагласи значењето на соработката помеѓу здружението „Вина од Македонија“ и ГИЗ акцентирајќи дека за долгорочен одржлив развој на винската индустрија неопходна е соработка и со универзитетите бидејќи научниот пристап во воведувањето и примената на унифицирани стандарди за производство и пласман на висококвалитетно вино од регионот е повеќе од неопходен.

За најновите движења во интрарегионалната трговија со грозје и вино во рамките на Западен Балкан говореше и извршната директорка на здружението „Вина од Македонија“, Елена Младеновска-Јеленковиќ, која ја нагласи неопходноста од воспоставување заеднички вински бренд со загарантирано географски потекло како еден од клучните предуслови за зголемување на препознатливоста на овдешните вина од страна на потрошувачите на пазарите во ЕУ и пошироко.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија8 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија9 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ11 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија12 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет13 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет14 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет14 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион15 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет15 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија1 ден

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија1 ден

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...