Компании
Јавно се достапни сите информации за проектот за бакар и злато Иловица
Проектот за бакар и злато „Иловица-Штука“, во општините Босилово и Ново Село, е еден од најголемите развојни проекти во Македонија. Тргнувајќи од тоа, разбирлив е интересот на јавноста за овој проект и за неговото значење за локалната заедница, животната средина и националната економија.
Од „Еуромакс Ресоурцес“ велат дека како реномирана компанија, сите свои активности ги реализира на транспарентен начин, согласно македонските регулативи и највисоките светски стандарди во областа на рударството и заштитата на животната средина. Во таа насока, а во интерес на правилно и точно информирање, Еуромакс сите прашања и одговори поврзани со проектот ги објавува на својата интернет страница: http://www.euromaxresources.com/ и http://euromaxresources.mk/ . Тука можат да се најдат одговорите на најчестите прашања за кои се интересираат граѓаните, институциите и различните организации од владиниот и невладиниот сектор, како и други значајни документи поврзани со проектот.
Покрај тоа, сите заинтересирани граѓани и организации, за подетални информации поврзани со проектот „Иловица-Штука“ можат да се обратат во Информативниот центар на Еуромакс, лоциран во селото Иловица, каде по претходна најава ќе бидат примени од стручните лица од оваа област и ќе добијат соодветни одговори на нивните прашања. Исто така, сите заинтересирани страни можат да постават и дополнително прашање по писмен или електронски пат и на истото ќе добијат одговор. Покрај најчесто поставуваните прашања и одговори за проектот за бакар и злато „Иловица-Штука“ во општините Босилово и Ново Село, на интернет страницата на компанијата се достапни и досегашните студии кои се правени од страна на домашни и странски експерти, во соработка со тимот на Еуромакс, и се во целосна согласност со домашното и меѓународното законодавство. Сите овие активности се насочени кон тоа да се спречи делумното и нецелосно информирање за проектот, а со тоа и донесување на евентуални неосновани и неточни заклучоци за влијанието на проектот врз животната средина и заедницата.
Проектот за бакар и злато „Иловица-Штука“ во општините Босилово и Ново Село се одвива согласно македонското законодавство и највисоките светски стандарди од областа на рударството, животната средина и социјалните аспекти. Влијанијата од проектот се детално елаборирани во студијата за оцена на влијанието врз животната средина, која е јавно достапна. Компанијата ги повикува сите заинтересирани страни да се информираат од овој детален документ кој дава најдобар приказ за проектот и влијанијата од него. Во изготвувањето на студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, која неодамна беше доставена до Министерството за животна средина и просторно планирање, покрај тимот на Еуромакс работеа и независни експерти од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кои беа ангажирани во истражувањето и утврдувањето на социо-економските состојби, сообраќајот, квалитетот на воздухот и бучавата. Домашната компанија „Биомастер“ работеше во делот на екологијата, а Музејот во Струмица во делот на археологијата и културното наследство. Водостопанство „Струмичко поле“ од Струмица, Управата за хидрометеоролошки работи, Пречистителната станица „Иловица“ и Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица се вклучија во областите од нивен домен. Покрај домашните институции, на оваа студија работеа и врвните меѓународни консултантски компании „Голдер Асоушиејтс“ и „Шламберже Уотер Сервисис’’ кои се со огромно искуство во областа.
„Еуромакс Ресоурцес“ е реномирана компанија која котира на берзата во Торонто, Канада. Сите активности на компанијата редовно и транспарентно се објавуваат, со што се достапни за сите заинтересирани страни. Развојот на проектот за бакар и злато „Иловица-Штука“ тече веќе 10 години во соработка со сите релевантни државни институции на Република Македонија. Компанијата ја доби концесијата за експлоатација во 2012 година, по што продолжија сите активности за исполнување на обврските што произлегуваат од македонското законодавство.
Покрај Еуромакс, во проектот за бакар и злато „Иловица-Штука“ учествува и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со удел од 20 отсто. Учеството на ЕБОР во овој проект е само дополнителна потврда за почитувањето на строгите критериуми, особено во делот на заштитата на животната средина. Токму затоа, првичната студија за оцената на влијанието на проектот врз животната средина, што е еден од клучните документи за добивање на понатамошните дозволи за отворање и работа на рудникот, беше проширена за да се задоволат високите стандарди на ЕБОР, како и „Екватор принципите“. Покрај ЕБОР, дел од овој проект е поддржан и од Германскиот гарантен фонд (UFK = Garantien für Ungebundene Finanzkredite) кој го поддржа проектот со заем од 240 милиони евра за финансирање на изградбата.
Проектот за бакар и злато „Иловица-Штука“ е една од најголемите „гринфилд“ инвестиции во Македонија и предвидува вложувања од околу 500 милиони долари, како и директно вработување на над 400 лица. Според анализите, со отворањето и работата на рудникот вредноста на извозот од Република Македонија ќе се зголеми за 300 милиони евра на годишно ниво.„Еуромакс Ресоурцес“ е реномирана компанија која котира на берзите во Торонто, Канада и Њујорк./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

