Компании
Кампања на ЕВН Македонија за подигнување на читачката култура кај младите
Нова читалница во Универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“, во Битола, отвори во вторникот ЕВН Македонија како продолжение на проектот за поддршка на македонската литература и творештво и поттикнување на читачките навики.
Еднаш неделно во читалницата ќе се одвиваат едукативни работилници за млади на возраст од 6 до 14 години, кои ќе ги спроведува Асоцијацијата „Паблик“ во соработка со Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола. Работилниците ќе ги посетуваат групи ученици од основните училишта: „Коле Канински“, „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. Климент Охридски“.
„Оваа современа читалница е трета по ред која ја отвораме во земјава во рамките на кампањата за подигнување на читачката култура кај младата публика. Кампањата која ја креираме и спроведуваме со нашите партнери има цел преку неконвенционални методи да им се доближи книгата на учениците, но, притоа да се тргне и од нивните индивидуални потреби и афинитети. Или едноставно да читаат зошто сакаат, а не затоа што мораат“, рече портпаролот на ЕВН Македонија Атанас Ковачевски.
„Развивање позитивен став кон книгите и подобрување на читачките навики на младите се главните очекувања кои треба да произлезат од овие работилници. Истите ќе се темелат на спектар креативни методи и техники на работа, кои ги ослободуваат учениците од оценување. Во мисијата младите повеќе да ја засакаат книгата веруваме дека ќе помогне и мотивирачкиот амбиент каде ќе се одржуваат овие средби, кој, пред сѐ е пријателски поставен кон учениците и нивните потреби“, вели Анета Ристеска, едукатор и координатор на едукативните работилници.
Благодарност до ЕВН за поддршката и задоволство од отворањето на новата читалница, токму во просторијата која ја користи и Австриската библиотека, изрази раководителката на австриската библотека и и почесниот конзул на Република Австрија, д-р Валентина Илиева.
За едукаторот Весела Богдановиќ, една од 50-те најдобри наставници во светот, пишувањето и читањето кај младата публика неопходно е да се комбинираат со методи кои подразбираат креативност и играта, со што би се постигнале поголеми резултати.
За амбиентот на сите три читалници се погрижи македонската компанија „Дилајт“, користејќи ги искуствата од светскиот лидер во оваа област, „Стилкејс“, кои овозможуваат училишни простори адаптирани на современите технологии. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

