Компании
Капитол Мол ќе го одбележи Денот на семејството со бројни поволности за посетителите
Капитол Мол како трговски центар кој е семејно ориентиран и уникатен во пристапот до своите потрошувачи, се реши да го одбележи 15-ти мај (петок) меѓународниот ден на семејството, со бројни попусти и поволности за своите посетителите.
Попусти ќе бидат овозможени во дел од рестораните кои се наоѓаат на третиот кат, во омиленото „Кампионе кафе“, во кугларницата доколку сакаат активно да спортуваат во друштво, во игротеката „Кидс Парк“, во одредени продавници, а ќе има и вкусни подароци во текот на денот. Со ова воден од своето мото „Твој мол. Твое место”, Капитол мол сака барем малку да им возврати на своите посетители кои ја препознаа топлата и семејна атмосфера во Капитол Мол, и поради која редовно го посетуваат.
„Нашето најблиско опкружување е полно со семејни луѓе, со ограничено слободно време, кои сакаат да поминат квалитетно време заедно со своите најблиски. А токму семејните вредности сакаме да ги негуваме и поддржуваме, поради што во нашиот фокус се различните семејни содржини, кои се трудиме постојано да ги подобруваме. И понатаму ќе се трудиме да бидеме трговски центар во кој посетителите ќе се чувствувата како дома, и за таа цел ќе понудиме различни активности и ќе продолжиме да создаваме топла, пријателска атмосфера”, изјави Даниела Адемовска, сопственик и генерален директор на Капитол Мол
Возрасните можат да уживаат вежбајќи во фитнес центарот „Капитол фитнес и кросфит“, да се забавуваат во кугланата „4Болинг“, или ако сакаат да се релаксираат да ги пробаат гурманските специјалитети на ресторанот “Кампионе кафе“, а за децата забавата е постојано достапна во игротеката „Кидс парк“. Додека автомобилот е на миење во „Капитол карвош“, целото семејство заедно може да ги обиколи своите омилени брендови и на крај да го направи последниот шопинг во супермаркетот, во „Капитол Мол“ што е несекојдневен и интересен начин да се помине семејно попладне во дружба со најблиските./крај/мф/сд
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

