Компании
Key Safety Systems ќе гради фабрика во Кичево, најавени 1.000 вработувања
Американската компанија Key Safety Systems (KSS) наскоро ќе започне со изградба на бафрика во слободната економска зона во Кичево, во која е планирано во првата фаза да бидат отворени 300 работни места.
За таа цел во средата во владата во Скопје беше потпишуван договор за реализација на инвестицијата од страна на заменик-претседателот за глобално производство на KSS, Џим Скарпа и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Виктор Мизо.
Изградбата на производствениот погон се очекува да започне за две-три недели. Објектот со површина од 13.600 метри квадратни би требало да биде готов до крајот на ноември
Скарпа информираше дека во 2016 година се очекува бројот на вработените во Кичево да се зголеми на 600 до 700, а подоцна да се стигне до конечниот број од илјада вработувања.
Во моментов во Кичево KSS има браунфилд инвестиција во постоечки објект во центарот на градот, а 10 работници се наоѓаат на обука во Романија.
„Нашиот браунфилд капацитет во Кичево е веќе подготвен и опремата е инсталирана. Првата фаза од вработувањето е речиси готова и во тек е обука на вработените. Започнуваме со втората фаза од вработувањето во која бараме многу искусни оператори, техничари и инженери“, рече Сакрпа, додавајќи дека копанијата е заинтересирана за соработка со локалните снабдувачи и хотели.
Мизо истакна дека на инвестицијата на KSS се работело долго и додаде дека проектот бил пролонгираан поради светската економска криза и европската финансиска криза.
Првиот состанок бил уште во октомври 2008 година, а во ноември истата година се сретнале на првото „роудшоу“ во Чикаго каде бил присутен и премиерот Никола Груевски.
„Нашата истрајност, упорност, континуирана работа и контакти со компанијата на крај вродија со плод. Минатата година компанијата ги потврди плановите за инвестирање и инвестицијата веќе започнува. Во моментов 10-тина луѓе се во нивните погони во Романија каде се обучуваат и во средината на февруари треба да започнат со работа“, рече Мизо.
KSS произведува воздушни перничиња за автомобилската индустрија, појаси и електроника. Поседува 34 фабрики во 12 земји, а првото производство од Македонија ќе биде наменето за „Шкода“ и за „Фолксваген“. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

