Компании
КХВ: Life Division нема дозвола за работа во Македонија, граѓаните да внимаваат
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија(КХВ) ги информира сите инвеститори дека друштвото кое работи под името Life Division односно Innovative Securities Limited (регистрирано во Нов Зеланд), нема добиено дозвола за услугите што ги нуди во Република Македонија.
На седницаташто се одржа денеска на 18 септември, 2015 година, Комисијата одлучи да ги информира сите инвеститори во Република Македонија дека друштвото кое работи под името Life Division односно Innovative Securities Limited (регистрирано во Нов Зеланд) како подружница на Innovative International Group Limited (регистрирана во Велика Британија) нема добиено дозвола за услугите кои им ги нуди на граѓаните на Република Македонија, како што се вложување во инвестициски фондови, управување со портфолио на индивидуални клиенти, како и посредување при тргување со финансиски инструменти.
Согласно Законот за инвестициски фондови и Законот за хартии од вредност, доколку странско правно лице има намера да работи во Република Македонија, односно да дава инвестициски услуги на инвеститори од Република Македонија мора за тоа да има соодветна дозвола за работа од Комисијата за хартии од вредност.
Комисијата смета дека сите потенцијални вложувачи треба да бидат крајно внимателни при носењето на одлука за инвестирање во наведените правни лица од причина што Комисијата како регулатор на пазарот на хартии од вредност во вакви случаи нема надлежност да ги заштити нивните права и интереси доколку тие бидат оштетени.
Во неколку земји од Европската Унија веќе постојат предупредувања од надлежните регулаторни тела декаLife Division односно Innovative Securities Limited вршат нерегистриранa дејност во тамошните држави.
Комисијата ги повикува сите потенцијални инвеститори пред да ги вложат и доверат своите средства да го имаат предвид ова Соопштение и да ја посетат веб страната www.sec.gov.mk каде можат да ги најдат регистрите на сите правни лица во Република Македонија кои согласно законите имаат дозвола од Комисијата за хартии од вредност да вршат брокерски услуги, управување со портфолио на индивидуални клиенти, односно да управуваат со инвестициски фондови.
КХВ на 76-тата седница, со која претседаваше Претседателот Елизабета Чингаровска на ТТК Банка АД Скопје и даде одобрение да продаде сопствени акции по пат на јавна понуда.
Станува збор за 25.960 обични акции кои претставуваат 2,86 проценти од вкупниот број на издадени акции од ТТК Банка АД Скопје кој изнесува 907.888 обични акции.
Минималната продажна цена по акција е 546 денари по акција, а вкупната минимална продажна вредност на сопствените акции изнесува 14.174.160 денари. Јавната понуда ќе се смета за успешна доколку се продадат најмалку 60 проценти од понудените акции. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

