Компании
ŠKODA Octavia достапна со погон на сите четири тркала
ŠKODA Octavia лимузина сега е достапна и со погон на сите тркала. Новата ŠKODA Octavia 4х4 ја комбинира високата практичност на лимузина со погон на сите тркала со веќе докажаните квалитети на моделот Octavia.
Во автомобилот се вградуваат три дизелски и еден бензински мотори. Во моментов семејството на Octavia брои седум члена, од кои три имаат погон на сите тркала. Во исто време, ŠKODA ја проширува својата 4×4 понуда на вкупно седум возила.
“Со ŠKODA Octavia 4х4, ние ја прошируваме понудата на нашиот најважен модел со атрактивна верзија и уште еднаш ја докажуваме нашата висока конкурентност кај возилата со погон на сите тркала”, изјави членот на одборот за продажба и маркетинг на ŠKODA – Вернер Ајхон.
Управувањето на ŠKODA Octavia 4×4 е импресивно – без оглед на тоа дали се вози на асфалт, на угорнини или удолнини, тежок терен или проблематични ситуации. Сето тоа го овозможува петтата генерација на Haldex спојката, базирана на технологијата за погон на сите тркала, во комбинација со моќните мотори и комфорната внатрешност.
ŠKODA Octavia 4×4 сериски e опремена со електронска блокада на диференцијалот (EDL). Задната оска има иновативно мулти линк потпирање со една надолжна и три попречни водилки по тркало и стабилизатор. Прецизната интеракција меѓу овие технологии овозможува врвно управување, одлична способност за извлекување од свиоци, молскавично забрзување и голем капацитет за влечење.
Најмладиот член на семејството Octavia 4х4 ги поседува извонредните квалитети кои ги поседува ŠKODA Octavia со погон на предните тркала: таа е луксузна, просторна и многу практична со голем број „Simply Clever“ решенија. Автомобилот има иновативни системи за безбедност и системи кои овозможуваат комфор како и ниска потрошувачка на гориво, динамичен и елегантен дизајн.
Haldex 5 технологија за погон на сите тркала, мотори со високи перформанси, одлични управувачки карактеристики
Погонскиот систем на ŠKODA Octavia 4х4 е еден од најмодерните и најефикасни кога станува збор за технологијата за погон на сите тркала. Преку контролната единица на Haldex 5 спојката, системот за погон на сите тркала е програмиран да го пренесе вртежниот момент главно на предната оска во нормални услови и при мали оптоварувања. Доколку е потребно, во дел од секунда се вклучува и задната оска, тоа се случува толку брзо така што не е можно да се изгуби контактот со подлогата.
Новата ŠKODA Octavia 4×4 има импресивен капацитет за влечење. Возилото со 2.0 TDI мотор со 110 kW 150 КС може да влече до два тона
Во автомобилот се вградуваат вкупно четири мотори: три турбо дизел мотори и еден турбо бензински мотор.
1.6 TDI моторот со Green tec технологија има 77 kW 105 КС, а комбинираната потрошувачка изнесува само 4.5 l/100 km. Емисијата на CO2 изнесува 119 g/km. Со основниот мотор, Octavia 4х4 забрзува од 0 до 100 km/h за 11.5 секунди, а максималната брзина изнесува 191 km/h.
2.0 TDI со Green tec технологија има 110 kW 150КС и троши 4.7 l/ 100 km, емисијата на CO2 изнесува 122 g/km. Автомобилот со овој мотор ја достигнува максималната брзина од 215 km/h. Забрзува од 0 до 100 km/h за 8.6 секунди.
Помоќниот 2.0 TDI мотор со Green tec технологија има 135 kW и троши 4.9 l/100 km. Емисијата CO2 е 129 g/km. Со овој мотор Octavia 4×4 забрзува од 0 до 100 km/h за 7.1 секунди. Максималната брзина е 228 km/h.
Бензинскиот 1.8 TSI мотор со Green tec технологија произведува 132 kW 180 КС и стандардно доаѓа со автоматски шест брзински DSG менувач. Комбинираната потрошувачка со овој мотор изнесува 6.7 l/100 km, што е соодветно на 154 g/km емисии на CO2. Octavia 4х4 1.8 TSI ја достигнува максималната брзина од 229 km/h. Забрзува од 0 до 100 km/h за само 7.4 секунди.
Со новата Octavia 4×4 лимузина, понудата на 4×4 модели од ŠKODA сега брои седум возила: ŠKODA Octavia 4х4, ŠKODA Octavia Combi 4х4, ŠKODA Octavia Scout, ŠKODA Yeti 4х4 и ŠKODA Yeti Outdoor 4х4, како и ŠKODA Superb 4х4 и ŠKODA Superb Combi 4х4. Со сите овие модели во компактната и средната класа ŠKODA има најнова и најширока понуда на возила со погон на сите тркала во Европа. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Гласот ми откажа“: Кандидати раскажуваат за исцрпувачкиот финален круг за работа во „Амазон“
Вработен во „Амазон“ откри како изгледа нивниот озлогласен завршен круг разговори за работа, последната и најинтензивна фаза од селекцискиот процес во компанијата. Станува збор за вистински маратон – четири до шест последователни интервјуа, од кои секое трае меѓу 45 и 60 минути, а сите се одржуваат во ист ден, пренесува Унилад.
Официјален опис на процесот
На официјалните страници за вработување, „Амазон“ наведува дека кандидатите разговараат со повеќе вработени, при што секој од нив проценува различни вештини и искуства за да се добие целосна слика за тоа како кандидатот би се вклопил во тимот и работната средина.
Сите кандидати се оценуваат според таканаречените „Принципи на лидерство“, интерен сет на вредности и правила, а интервјуерите бараат конкретни примери за тоа како кандидатите ги применувале во досегашната работа.
Компанијата користи прашања засновани на реални ситуации од пракса, со цел да добие конкретни примери од претходното искуство и да разбере како кандидатот пристапува кон предизвици, донесување одлуки и соработка. Пример за такво прашање е:
„Опишете ситуација во која сте презеле ризик, сте направиле грешка или сте доживеале неуспех. Што се случи и што научивте од тоа?“
Искуство од прва рака
Еден вработен во „Амазон“ од Австралија, кој работи во малопродажниот тим, го споделил своето искуство на „Редит“, потврдувајќи дека процесот е исклучително тежок. Тој го опишал како „многу интензивен“ и објаснил дека системот е многу посложен отколку што изгледа на прв поглед.
„Прво следи 20-минутен телефонски разговор со одделот за човечки ресурси. Потоа доаѓа едночасовен видеоповик со менаџерот кој вработува. По тоа следи завршниот круг – пет едночасовни разговори, еден на еден, со пет различни лица“, појаснил тој.
„Од тие пет лица во завршниот круг, едно е таканаречен ‘bar raiser’, лице задолжено за одржување на високи стандарди; од него се очекува да биде построго кон кандидатот и подетално да го испрашува. По завршниот круг, интервјуерите даваат препорака ‘вработи’ или ‘секако вработи’, односно ‘не вработувај’ или ‘никако не вработувај’. Потоа се состануваат и дискутираат. Мислењето на менаџерот што вработува и на ‘bar raiser’-от има најголема тежина. Кандидатот мора да добие препорака за вработување од сите пет интервјуери“, додал тој.
Исцрпувачко и монотоно
Друг корисник на „Редит“ го опишал процесот како целосно исцрпувачки.
„Никогаш не сум учествувал во толку интензивен, монотон и здодевен процес на вработување“, напишал тој.
„Во еден момент гласот почна да ме издава, бидејќи од мене се очекуваше да зборувам 30 до 45 минути. Повеќето интервјуери ми оставија само десет минути на крајот за мои прашања, а имав многу повеќе што сакав да прашам отколку што времето дозволуваше“, се пожалил.
Слично искуство споделила и вработената Емили Мареј на веб-страницата на „Амазон“.
„Иако и претходно сум одела на интервјуа за работа, ниту едно не било толку ригорозно, долго или темелно како тоа во Амазон. Процесот се состоеше од телефонски разговори со регрутер и менаџерот што вработува, по што следеше петчасовен завршен круг интервјуа со неколку интервјуери од различни делови на компанијата“, навела таа.
Мареј им советува на кандидатите однапред да подготват конкретни примери од своето искуство, да поставуваат прашања, да ги прилагодат одговорите на описот на работното место и своите успеси да ги поткрепат со бројки и податоци.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)

