Компании
Корпоративна Америка располага со 1,7 билиони долари готовина
Американските нефинансиски компании минатата година располагале со 1,7 билиони долари готовина, при што 30 отсто од тој износ држеле петте технолошки гиганти – Apple, Microsoft, Alphabet (Google), Cisco Systems и Oracle.
Анализата на рејтинг агенцијата Moody’s покажува дека повеќе готовина е концентрирана во само неколку компании во однос на претходните години, со оглед дека во 2014 година тие пет компании држеле 27 отсто од вкупната готовина, а во 2013 година 25 отсто.Износот на готовината што ја држат американските компании порасна минатата година 1,8 отсто, во однос на 2014 година.Зголемувањето на готовинската позиција на корпоративна Америка на инвеститорите им е сѐ поважно, со оглед на тоа дека растот на заработката забавува, а берзите стагнираат.Инвеститорите на високите готовински позиции гледаат како на потенцијален извор на поголеми дивиденди, што би можело да им обезбеди и понатамошни ‘дебели’ приходи, дури и во услови на стагнација на цената на акциите.Минатата година дивидендите на корпоративна Америка пораснаа четири отсто, на рекордни 404 милијарди долари.Околу 72 отсто од вкупната готовината што ја држат нефинансиските американски компании или 1,2 билиони долари се наоѓаат надвор од САД, со оглед дека компаниите избегнуваат да ги плаќаат високите американски даноци.Тој износ се зголемува со оглед дека во 2014 година надвор од САД компаниите држеле 1,1 билиони долари, а во 2013 година 947 милијарди.Најголемите износи вон САД ги држат токму петте компании кои имаат најголеми готовински позиции.Apple, Microsoft, Alphabet, Cisco Systems и Oracle вкупно надвор од САД имаат 441 милијарда долари или 87 отсто од вкупната готовина со која располагаат.Во Moody’s проценуваат дека тој износ во странство и натаму ќе расте. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)