Компании
Кук: Одлуката за данокот води кон разорување на Европа
Принудувањето на Apple да плаќа данок по истата стапка како и останатите компании ќе доведе до разорување на Европа, напиша во отвореното писмо генералниот директор на американскиот технолошки гигант, Тим Кук, по повод решението на Брисел оваа компанија да плати 13 милијарди евра заостанат данок на Ирска.
„Тоа би можело да зададе разорен удар на суверенитетот на државите членки на Европската унија во областа на нивните даночни работи, како и на начелата на правната сигурност во Европа“, наведува Кук во отвореното писмо до акционерите и на „Apple заедницата во Европа“, објавено во вторник.„Покрај очигледното таргетирање на Apple, најдлабоки и најштетни последици ова решение ќе има на инвестициите и отворањето на нови работни места во Европа“, порача Кук, пренесува Вашингтон пост.Антикорупциското регулаторно тело на ЕУ му наложи во вторник на Apple, по двегодишна даночна истрага, да и плати на Ирска 13 милијарди евра заостанат данок, откако било утврдено дека посебната шема на пренасочување на профитот преку Ирска претставува незаконска државна помош.Предмет на истрага беше необичниот договор кој Apple го постигна со исрките даночни власти компанијата да плати данок по вонредно ниска стапка од 0,005 отсто во 2014 година.Европската комисија(ЕК) тоа го нарече „илегална државна помош“, а ирските даночни власти велат дека „го наплатите целиот износ од пристигнатиот данок“, додека Apple тврди дека ист аранжман е на располагање на секоја компанија со седиште во Ирска, само доколку побара.„Низ годините добивме упатство од ирските даночни власти за тоа како да работиме исправно во согласност со ирскиот даночен систем – истото упатство е на располагање на било која компанија што работи таму. Во Ирска, како и во секоја земја што работиме, Apple се придржува до законот и ги плаќа сите даноци што ги должи“, напиша Кук.Тој категорично ги негира тврдењата на ЕК дека Apple постигнал „специјален дил“ со Ирска„Во одлуката(на ЕК) објавена на 30 август се тврди дека Ирска му дала на Apple специјален договор за нашите даноци. Ова тврдење нема упориште во фактите, ниту во законот. Ние никогаш не баравме, ниту, пак, добивме било каков специјален договор“, додава Кук.Порталот Register пишува дека постои сомнеж оти ирските власти постигнале договор со Apple компанијата да вработи луѓе во неразвиените делови на земјата. Одговорот на Кук, како што оценува порталот, само оди во прилог на таквите размислувања, а може дури и да се сфати како „шифрирано“ предупредување до ирската влада, дека доколку не се бори против таквата одлука, Apple ќе започне со отпуштање на луѓе.Во октомври 1980 година Apple отвори фабрика во Корк, во Ирска со 60 вработени“, наведе Кук, потсетувајќи се на деновите на Стив Џобс.„Во тоа време Корк имаше висока невработеност и исклучително мали економски инвестиции…од тогаш континуирано работевме во Корк, дури и за време на периодот на неизвесност за сопственото работење, а денес вработуваме речиси 6.000 луѓе ширум Ирска. Голем дел од нив и натаму се во Корк“, вели Кук.Тој порача дека принудувањето на Apple да плати ретроактивно милијарди евра данок може да влијае и врз таа земја, не само врз компанијата. „Безброј мултинационални компании го следеа Apple со инвестирањето во Корк и денеска та локална економија е појака од било кога“, се вели во отвореното писмо на првиот човек на Apple.Сѐ на сѐ, и натаму во крајниот исход за тоа колкав износ Apple ќе мора да плати останува на ирските даночни власти. Ирска и натаму останува на својот став, најавувајќи дека ќе се жали на одлуката на Брисел. /крај/бл/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

