Компании
„Купи куќа, купи стан“ продолжува и во следната година
Еден од проектите на Владата за стимулирање и развој на градежништвото, но и поволен за граѓаните е проектот „Купи куќа, купи стан“, продолжува и во наредната 2015 година.
Ова го најавивицепремиерто и министер за финансии Зоран Ставрески на гостувањето на вестите на Сител, кој додаде дека Буџетот има доволно средства за реализација на проектот.
„Неодамна ги подобривме и условите, односно ја намаливме каматната стапка за граѓаните на 3,95% за првите 3 години и 4,44% за четвртата и петтата година, доколку се работи за моделот-половина рата. Тоа се извонредни и незабележани до сега услови на нашиот пазар, граѓаните добро реагираат и има зголемен интерес откако ја намаливме каматната стапка“, подвлече Ставрески.
Тој информираше дека до сега 331 семејство го решиле стамбеното прашање со овој проект, а заинтересираност има во сите градови низ Македонија.
„Едниот модел е „половина рата“ каде што граѓанинот учествува со половина средства за ратата. Ако е стан станува збор за половина рата, а ако е куќа тоа се 75% од ратата покрива државата, а 25% само граѓанинот. Ако земете 50.000 евра а станува збор за стан, месечната рата доаѓа 300 евра, од тие 300 евра 150 евра плаќа државата и 150 евра плаќатие вие, првите три години. Потоа доаѓа по 155 евра за 4-та и 5-та година, исто по 155 евра граѓанинот и државата. Ако се решите за куќа тука државата зема уште поголемо учество во плаќањето. Ако е 300 евра ратата, 225 евра покрива државата а само 75 евра плаќа граѓанинот“, рече Ставрески.
Поголем интерес кај граѓаните имало за купување на стан, но по намалувањето на каматната стапка интересот за куќа се зголемува..
„Кога станува збор за тоа дали граѓаните се решаваат за тоа дали државата да им покрие дел од ратата или дел од учеството, повеќето од нив се решаваат за покривање на месечната рата, но граѓани кои потешко обезбедуваат учество за добивање на кредит се решаваат за втроиот модел“, информираше Ставрески. /крај
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Нвидиа“ купи акции на „Интел“ во вредност од пет милијарди долари
Американската технолошка компанија Нвидиа купи акции на Интел во вредност од пет милијарди долари, со што ја реализираше трансакцијата најавена во договорот од септември.
Според договорот, Нвидиа платила 23,28 долари по акција и купила повеќе од 214,7 милиони акции на Интел. Инвестицијата е одобрена од американските антимонополски институции, соопшти претходно Федералната трговска комисија на САД.
Се проценува дека уделот на Нвидиа во Интел ќе изнесува околу четири отсто, со што ќе стане еден од поголемите акционери на компанијата, наведува Ројтерс.
Претходно, во август, американската влада купи 10 отсто од Интел за 5,7 милијарди долари, а истата година компанијата обезбеди и две милијарди долари инвестиција од јапонскиот Софтбанк.
Договорот меѓу Нвидиа и Интел предвидува и заеднички развој на чипови, што би можело да ја промени конкуренцијата во индустријата и да влијае врз позициите на ТСМЦ и АМД.
Економија
Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“
Со огромна посетеност и во празнична атмосфера, овој викенд во Гевгелија и официјално започна со работа новиот, најсовремен ЏАМБО (JUMBO) маркет. Сместен во новоотворениот трговски центар „Gevgelija Mall“, реномираниот бренд ја реализираше својата голема инвестиција во јужниот регион, носејќи светско шопинг искуство за локалното население.
Отворањето помина во знакот на семејната забава и радоста. Најмладите посетители уживаа во целодневната програма исполнета со музика, дружење со маскоти, цртање на лице и игри со сапунени меури, што го претвори првиот работен ден на маркетот во вистински настан за градот.
Новиот објект се простира на површина од 3.000 метри квадратни, дизајниран според највисоките светски стандарди. Купувачите веќе имаат пристап до асортиман од над 20.000 артикли, вклучувајќи производи за домот, играчки, декорации и сезонски изненадувања.
Како значајна новина за купувачите во Гевгелија е интегрирањето на селектиран асортиман од брендот ВЕРО во рамките на самиот маркет. Оваа стратешка синергија им овозможува на потрошувачите на едно место да ги задоволат сите потреби за домаќинството, штедејќи време и уживајќи во квалитетот на двата силни бренда.
Генералниот директор на ВЕРО и ЏАМБО маркетите, Петар Денковски, истакна дека ова отворање е многу повеќе од проширување на продажната мрежа – тоа е исполнување на ветувањето за поддршка на локалната заедница.
„Горди сме што со оваа капитална инвестиција директно влијаеме на економскиот пулс на Гевгелија. Отворивме нови работни места и создадовме силен регионален магнет кој очекуваме да привлекува купувачи не само од градот, туку и од соседството,“ изјави Денковски.
Менаџментот на компанијата потврди дека експанзијата не застанува тука. Успешната приказна продолжува и следната година со најавеното отворање на нов маркет во Струмица, со што ЏАМБО и ВЕРО целосно ќе го заокружат своето присуство во југоисточниот дел на Македонија.
Новиот маркет во Гевгелија веќе работи со полн капацитет, нудејќи креативни решенија и производи за целото семејство, под препознатливиот слоган „За сѐ што ви треба и не сте знаеле дека ви треба“.
(ПР)
Економија
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ го објави конкурсот за стипендирање
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2025 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-30/1 усвоена на ден 31.10.2025 година објавува
КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по фармација
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
· Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по фармација на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во трета или четврта година од студии
· Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
· Да не повторувале година во текот на студирањето
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
· Молба
· Кратко CV
· Уверение за положени испити и постигнат успех
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса: Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје Булевар „Александар Македонски“ бр.12
1000 Скопје Документите се поднесуваат од 03.11.2025 година до 19.11.2025 година исклучиво по пошта.
4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Фармацевтски факултет. Висината на стипендијата ќе изнесува 7.000,00 денари месечно (нетто износ).
Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат. За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Медицинскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2025 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-32/1 усвоена на ден 31.10.2025 година објавува
КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по медицина
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
· Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по медицина на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во трета или четврта година од студии
· Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
· Да не повторувале година во текот на студирањето
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
· Молба
· Кратко CV
· Уверение за положени испити и постигнат успех
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса: Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје Булевар „Александар Македонски“ бр.12 1000 Скопје Документите се поднесуваат од 03.11.2025 година до 19.11.2025 година исклучиво по пошта. 4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Медицински факултет. Висината на стипендијата ќе изнесува 7.000,00 денари месечно (нетто износ). Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат. За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.

