Компании
Лајф инвест – нов осигурителен производ на Винер лајф и ВФП
Винер лајф во партнерство со ВФП Фонд менаџмент создаде новпроизвод Лајф инвест со којсе спојува животното осигурување и вложувањето во инвестициски фонд чии акции котираат на американската, швајцарската и германската берза.
Лајф инвест е производ кој што отвора нови можности и бенефиции за осигурениците, така што корисникот е животно осигуран но истовремено станува и инвеститор во хартии од вредност на реномирани светски компании. „Винер Лајф како дел од VIG групацијата на македонскиот пазар се обидува да ги донесе сите производи кои им се на располагање на граѓаните во развиените европски земји. Токму овој производ е дел од таа наша заложба. Како еден од поатрактивните осигурителни производи на странските пазари, посебноста што ја постигнува во Македонија е тоа што корисникот, физичките лица кај нас ја имаат ретката можност да вложат преку вредноста на акциите на најголемите светски компании и на тој начин да бидат во добивка за принос што може да биде значајно поголем од износот кој се добива со штедење во банка“, изјави Дарко Дедиќ, претседател на Управен одбор на Винер Лајф. Лајф инвест е единствен производ на македонскиот осигурителен пазар што ги претставува пред граѓаните огромните можности на Unit linked производите, односно средствата се вложуваат во инвестициски фонд во водечки светски компании чии акции котираат на американската, швајцарската и германската берза.„Инвестициските фондови и странските пазари на хартии од вредност не се толку блиски, посебно за граѓаните на Македонија па токму затоа овој заеднички производ е чекор понапред во информирање на граѓаните за бројните можности што ги имаат со проширувањето на понудата со различни и атрактивни производи“, изјави Магистер Руперт Штробл, генерален директор на WVP group од Австрија и претседател на Одборот на директори на ВФП Фонд Менаџмент.Новиот производ Лајф инвест е веќе достапен во сите филијали на Винер Лајф и партнерот за посредување и продажба, осигурителното брокерско друштво ВФП АД Скопје./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)