Компании
LC Waikiki ја отвори својата 4-та продавница во Македонија
Водечкиот моден и малопродажен бренд LC Waikiki ја отвори својата 4-та продавница во Македонија. LC Waikiki, има цел да биде еден од најуспешните модни брендови во Европа во 2023 година, проширувајќи ги своите инвестиции за 25 отсто на интернационалните пазари, од влегувањето во 2009 година.
Турскиот малопродажен лидер „LC Waikiki“ во средата ги отвори вратите на својата четврта продавница во Македонија која е сместена на првиот кат на трговскиот центар „Рамстор“. Новата продавница ќе се простира на површина од 1154 квадратни метри и ќе има три оддела со модни колекции наменети за мажи, жени и деца/бебиња, со други зборови ова ќе биде место каде целото семејство ќе може да го пронајде својот стил што е во функција на бренд филозофијата „Секој заслужува да биде убаво облечен“.
Отворањето е одговор на интересот на македонските потрошувачи, кои ги сакаат „LC Waikiki“ производите поради високиот квалитет, модерната линија која ги следи трендовите и, пред сé, поради ценовната достапност. Продавниците ги карактеризира пријатна и топла атмосфера, можност потрошувачите едноставно и брзо да го најдат она што им е потребно.
Новоотвoрената продавница во „Рамстор“ е инвестиција од околу 1,5 милиони долари и во неа ќе бидат вработени 34 лица. Со отворањето на новата продавница во „Рамстор“ вкупниот број на отворени „LC Waikiki“ продавници ќе го надмине бројот од 500, од кои 130 се надвор од Турција. Продавницата во Скопје ќе биде уште еден чекор понапред во реализацијата на таргет приходите кои ги има брендот, а тоа е остварување на 10 билиони долари до крајот на 2023 година.
Јенал Ѓокулдирим, генерален директор за продажба на LC Waikiki рече дека компанијата работи „во Турција под капата на LC Waikiki – Малопродажба, трговија и услуги уште од 1997 година. Првата странска инвестиција ја реализиравме во Романија во 2009 година, веднаш по брзиот раст во Турција и заземањето на лидерската улога во овој сектор. Сега, со големо задоволство ја отвораме нашата 4-та продавница во Македонија со што стануваме достапни во 23 земји и тоа за многу краток временски период од 6 години. Како LC Waikiki; имаме доверба и веруваме во македонскиот пазар. Ние ќе продолжиме да растеме во Македонија и на Балканот. Го споделуваме нашиот малопродажен бизнис, знаењето за модата и искуствата и на македонскиот пазар, и сакаме да придонесеме за економски раст и развој на модната малопродажба.
Тој ги даде своите впечатоци за конзистентниот раст на „LC Waikiki“ во странство и го изрази своето верување: „Балканот е од големо значење за Турција, како врата за отворање на Турција кон Западна Европа, истовремено зацврстувајќи ги културните и хуманистички врски. Ние, како LC Waikiki, ќе продолжиме да ги шириме странските инвестиции на Балканот и во различни региони на светот, со цел да бидеме еден од глобалните брендови со сила која ја црпиме од нашите вредности. Нашата цел е да се направи промет во вредност од 4 милијарди долари во Турција и 6 милијарди долари во странство“.
Ѓокилдирим додаде дека имаат за цел да го пренесат нивниот успех во малопродажниот сектор од Турција на странските пазари посебно обрнувајќи внимание дека „LC Waikik“i вработува 25.500 лица од различни култури во 387 продавници во Турција и 130 продавници во странство. „Ние, како LC Waikiki, ги спроведуваме нашите активности и визија, со цел да ги оствариме нашите таргети за 2023 година, година која е особено важна за нас, бидејќи се совпаѓа со 100 годишнината од основањето на Турската Република. Наша цел е да постигнеме промет во вредност од 4 милијарди долари на домашниот и 6 милијарди долари во странство, остварувајќи ја нашата визија да бидеме глобален бренд во 2023 година “, додаде . Компанијата остварува раст од 45 отсто во земјите на Балканот, Ѓокилдирим рече и дека се инвестираат приближно 1,5 милијарди долари за секоја ново продавница во странство:
„LC Waikiki со отворањето на новата продавница во Македонија ја отвора својата 38 продавница на Балканот. Нашиот бренд инвестира на Балканот, и до денес имаме 12 продавници во Романија, 10 во Бугарија, 4 во Албанија, 4 во Македонија, 4 во Косово и 4 во Босна и Херцеговина. Остваривме и раст од 45 отсто во земјите на Балканот, а имаме околу 3.500 вработени во нашите продавници надвор од Турција. Имаме статус на лидер на пазарите во Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Албанија и Бугарија. А како следни инвестиции размислуваме за пазарите во Молдавија и Црна Гора“, вели Ѓокилдирим
Компанијата „LC Waikiki“ е основана во Франција во 1985 година, LC Waikiki е купен од сегашниот сопственик „Mağazacılık Hizmetleri Ticaret A.Ş“. во 1997 година. Облекувајќи ги луѓето во Турција под филозофијата на брендот дека „Секој заслужува да биде убаво облечен” со мисија да се промовира чувството на „достапна мода”, LC Waikiki стана пример за другите во малопродажбата остварувајќи континуиран раст веќе 18 години по ред, на домашниот и интернационалниот пазар. LC Waikiki започна со инвестиции надвор од Турција во 2009 година, со отворање на прва продавница во Романија. Денес има 387 продавници во 37 провинции во Турција и 517 продавници во 23 земји низ светот.
Во Македонија LC Waikiki работи во четири продавници, од кои три се во Скопје, и една продавница во Тетово./крај/мф/сд
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

