Компании
Magenta 1 понудата збогатена со COOL – сим картичка за млади
Македонски Телеком од денеска го збогатува Magenta 1 портфолиото со нова иновативна „COOL“ понуда специјално дизајнирана за најмладите членови во семејството. Новата понуда е единствена на пазарот која нуди придобивки како за родителите, така и за најмладите членови.
„COOL“ вклучува 4 GB интернет за безгрижно сурфање, неограничени разговори во мрежата на Македонски Телеком и 100 минути кон други мрежи. Дополнително, за прв пат на пазарот се воведува целосна контрола на трошење во постпејд, со која родителите ќе можат да го контролираат трошењето на своето дете и ќе имаат можност да му активираат дополнителни пакети. Со Kaspersky Safe Kids апликацијата, родителите меѓу другото ќе можат да ги заштитат своите деца од опасни и несоодветни содржини на интернет, да го контролираат времето на користење на мобилниот уред и во секое време да знаат каде се наоѓа нивното дете. Истовремено со воведувањето на „COOL“ понудата за млади, од денеска започнува уште едно интересно изненадување од Македонски Телеком. Стартува новата наградна игра наречена „100 хаверборди за 100 среќни COOL кoрисници“. Право за учество во играта имаат сите активни Magenta 1 корисници со вклучена „COOL“ сим картичка. Наградната игра започнува на 03.10.2016 година и ќе трае до 25.11.2016 година, а среќните добитници ќе бидат познати по пат на компјутерско извлекување во четири одделни циклуси. Дополнително, Македонски Телеком креираше ексклузивни стикери за супер забавна комуникација, кои можат бесплатно да се превземат на Viber, а истите се достапни за сите Viber корисници во Македонија.Magenta 1 не претставува само пакет на услуги, туку посебен концепт кој има за цел да ги обедини најдобрите комуникациски можности според потребите на секој член на семејството – за еден модерен и динамичен животен стил, сè во едно и преку една сметка./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

