Компании
Македонија во чекор со светскиот тренд: Неформалното образование во подем
Растот на тренинг центрите, академиите и другите организации за неформално образование е тренд кој се наметна поради динамичниот развој на одредени индустрии, чии промени формалното образование во светски рамки несоодветно ги следи. Се работи за индустриите поврзани со напредни технологии, програмирање, социјални и дигитални медиуми, како и веб дизајн. Брзо растечките индустрии, трансформираните пазари, наметнуваат иста динамика и во образованието.
Сличен е трендот и на македонскиот едукативен пазар. Академиите со тесно специјализирани смерови, имаат значителен раст на новозапишаните студенти. Студентите на овие академии варираат во однос на претходно професионално и академско искуство: од студенти кои се запишуваат веднаш по зврашувањето на средното образование, студенти кои го напуштаат или надополнуваат формалното образование, па сé до среден и висок профил професионалци кои ја менуваат професионалната насока.
Еден од најбрзо растечките едукативни центри во Македонија е Seavus Едукативниот и развоен центар, кој логистички и концепциски се потпира на експертизата на ИТ гигантот Seavus. Едукативниот центар има три академии со интензивни едногодишни студии студии – Академија за програмирање, Дизајн и Компјутерски мрежи на кои во тековната 2014/2015 студираат 120 студенти на сите насоки.
Она што програмата ја прави исклучително атрактивна, од една страна се современите курикулуми, докажаните предавачи и експерти, чија задача е покрај пренесување на знаењето и мотивирањето и инсоирирањето на студентигте, натаму одличните услови за учење и работа и, најважното, стремежот на центарот низ реални проекти и активности, а со тоа да ги подготвува идните професионалци за сите предизвици кои доаѓаат од бизнис средината.
Поаѓајќи од јазот што постои меѓу потребата од експерти кај работодавачите и недостигот од подготвенсот кај дипломираните студенти, Seavus едукативниот центар развива персонализирана едукативна програма којашто, од една страна, го потенцира и насочува талентот на студентите, а, од друга страна, пак, ги претвора во кадри подготвени за реална работа и развој.
„Огромно е задоволството кога наши студенти се интервјуирани и регрутирани од познати домашни, па и странски компании уште за време на студирањето. Тоа е поттик и за другите кои студираат, а најголем за нас, бидејќи тоа е доказ за квалитетот на програмата. Токму врската меѓу образованието и индустријата е клучот за заемни достигнувања. Оваа важна спрега се трудиме да ја обезбедиме на уникатен и, пред сé забавен начин, преку секојневно приблиување на овие навидум различни света обезбедувајќи различни модели на менторирање“, објаснува Весна Ивановска, директор на Seavus едукативниот центар.
„Овогодинешната кампања е под слоганот ‘Be the difference, Маке а difference’, што подеднакво се однесува и на центарот како пионер кој донесе вистинска промена на пазарот на ИТ едукација, но и на нашите сегашни и идни студенти кај кои градиме култура на одличност, уникатност и револуционерност и препознатливост“, додаде Ивановска./крај/мф/јј
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

