Компании
Македонски Телеком донираше медицинска опрема на Институтот по белодробни заболувања кај децата – Козле
Македонски Телеком донираше медицинска опрема на Институтот по белодробни заболувања кај децата – Козле, неопходна за побрза и поефективна дијагноза, како и третман на децата кои страдаат од заболување на белодробните органи.
Донацијата се состои од два полисомниграфи и еден апарат за неинвазивна вентилација.
Со набавката на полисомниграфите, Институтот ќе врши скрининг на опструктивна ноќна апнеа, следење и дијагностичка проценка на кардио-респираторните нарушувања кај децата. Дополнително, набавката на апаратот за неинвазивна вентилација, помага дишните патишта на пациентите да бидат отворени, преку обезбедување на континуиран проток на воздух.
„Во времето во коешто живееме, не смееме да заборавиме дека здравјето не е привилегија, тоа е основно човеково право. Оттука, врвен приоритет на секое општество е здравјето на децата, кои се столбот, односно иднината на нашата заедница. Затоа, токму здравјето и благосостојбата на децата се постојано во нашиот фокус, кога станува збор за општествената одговорност на Македонски Телеком. После само неколку месеци од нашата последна донација за дечињата од Клиниката за детски болести, денеска на наше огромно задоволство донираме опрема на Институтот по белодробни заболувања кај децата – Козле. Се надеваме дека со оваа донација не само што им го олеснуваме работењето на лекарите, туку пред се помагаме во дијагностика и лекувањето на дечињата со кардио респираторни нарушувања“, изјави главниот директор за финансии на Македонски Телеком, Славко Пројкоски.
Директорот на Институтот по белодробни заболувања кај децата – Козле, примариус доктор Оливер Зафировски, заблагодарувајќи се на донацијата истакна дека таа е во интерес на сите деца од Република Македонија.
„Македонски Телеком секогаш ги препознава вистинските потреби кога станува збор за медицинска опрема за нашиот Институт. Со надеж за понатамошна соработка им посакувам успех во нивната работа. При тоа, апелирам и останатите компании во државава да го следат нивниот пример, бидејќи ваквите донации се од непроценлива важност за сите граѓани на Република Македонија“, изјави примариус доктор Оливер Зафировски, директор на Институтот по белодробни заболувања кај децата -Козле.
Болницата за белодробни заболувања кај децата Козле, е водечки Институт во нашата земја, но и регионот за комплексни респираторни проблеми кај децата. Целта на Институтот е да обезбеди целосна педијатриска нега на пациентите. Институтот по белодробни заболувања кај децата – Козле годишно згрижува 39.000 дечиња, од кои 4.000 се хоспитализираат, а 35.000 се лекуваат амбулантски. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

