Компании
Македонски Телеком водечки во фиксните разговори, но со загуба
Македонски Телеком АД-Скопје ја задржа водечката позиција на пазарот во фиксни говорни услуги на крајот од првите шест месеци од 2016 година, покажуваат неревидираните финансиски извештаи согласно Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).
Приходите од продажба во првите шест месеци од 2016 година изнесуваат 5.092 милиони денари, што претставува зголемување од 1,1 отсто во споредба со истиот период од претходната година.
Оперативните трошоци на крајот од првите шест месеци од 2016 година бележат зголемување од 6,9 отсто, споредено со истиот период во 2015 година.
Вкупните капитални инвестиции (CAPEX), на крајот од првите шест месеци од 2016 година изнесуваат 463 милиони денари.
Како резултат на горенаведените движења на страна на приходите и трошоците, нето добивката е во висина од 259 милиони денари, што претставува намалување за 52,7 отсто споредено со истиот период од 2015 година.
Според неревидираните финансиски извештаи, Македонски Телеком на крајот од првите шест месеци од 2016 година успеа да ја одржи водечката позиција на пазарот на фиксни говорни услуги со удел од 60,7 отсто според интерните податоци. Иако приходите од говорните услуги во фиксната телефонија се намалени за 10,6 отсто споредено со истиот период од 2015 година, со бројката од 219,5 илјади корисници Македонски Телеком на крајот од првите шест месеци од 2016 година е на лидерската позиција на пазарот на фиксни говорни услуги.
Базата на DSL корисници на крајот на првите шест месеци од 2016 година остана стабилна во споредба со истиот период од претходната година и изнесува 189 илјади корисници, додека уделот на пазарот на широкопојасен интернет изнесува 48,6 отсто, според интерните податоци.
Како резултат на високиот квалитет, интерактивноста и уникатното тв искуство, Македонски Телеком оствари добри резултати со дигиталната телевизија, односно со IPTV услугата. Во првите шест месеци од 2016 година, бројот на MaxTV корисници изнесува 105,4 илјади што претставува зголемување од 5,8 отсто отсто во споредба со истиот период од претходната година. Со тоа, Македонски Телеком има 25,3 отсто удел од вкупниот ТВ пазар, според интерните проценки.
Приходите од малопродажен интернет и дигиталната телевизија преку интернет протокол на крајот од првите шест месеци од 2016 година се зголемија за 2,9 отсто во споредба со истиот период од претходната година.
Во мобилниот сегмент, Македонски Телеком има удел од 48,3 отстo, согласно интерната проценка. Базата на претплатници на крајот од првите шест месеци од 2016 година изнесува 1.221 илјади претплатници и е зголемена за 3,5 отсто во однос на истиот период од претходната година кога изнесуваше 1.180 илјади претплатници.
Приходите од говорни мобилни услуги на крајот од првите шест месеци од 2016 година се намалени за 6,3 отсто во споредба со истиот период од претходната година, како резултат на намалувањето на тарифите, помалиот мобилен сообраќај од меѓународни дојдовни повици, намалувањето на приходите од при-пејд како и од говорните услуги во роаминг. Трендот на зголемено користење на мобилните услуги продолжи, при што сè повеќе минути се опфаќаат во пакетите за иста цена. Следствено, просечниот приход по корисник е намален за 4,5 отсто во споредба со истиот период од претходната година.
Приходите од неговорни мобилни услуги се зголемени за 11,4 отсто во споредба со претходната година, како резултат на зголемените приходи од мобилен Интернет и поголем податочен сообраќај, како и зголеменото користење на податочни тарифни модели. На крајот од првите шест месеци од 2016 година, приходите од системска интеграција и ИТ се зголемени за 81,1 отсто отсто во споредба со истиот период од претходната година, поради зголемените приходи од ИКТ проекти, Cloud Computing услугите и други интегрирани решенија за бизнис корисници./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

