Компании
Макпрогрес со брендот Винчини две децении испишува слатка приказна за сите генерации
„Светот падна на Винчини“ беше насловот што осамна во еден наш медиум по информацијата дека производите со голема брзина и леснотија ги освојуваат светските пазари.
Духовито во текстот пишуваше: „Да знаат во Јужна Америка какви слатки се произведуваат во Македонија извесно е дека и тие ќе побараат каде е Виница на географската карта. Тоа е единствениот континент чии жители засега не ги вкусиле тортиците и ролатите „Винчини“, кои со години се произведуваат во виничката фирма „Макпрогрес“. Успехот на овој македонски бренд кој се најде на светски пазари се должи на динамичниот развој во последните неколку години, храбрите менаџерски одлуки, како и трудот и професионалноста на вработените.
Производите на Винчини се добро познатите слатки задоволства на сите генерации. Речиси и да не постои роденденска прослава, семеен излет или ужинка без вкусните тортици и колачиња на македонскиот бренд „Винчини“, производна линија на кондиторскиот лидер во Македонија и регионот – Макпрогрес.
Макпрогрес минатата година одбележа 25 години постоење со титулата – Најголемата компанија во кондиторската индустрија со најголем извоз во преку 50 земји во светот!
Макпрогрес е успешен семеен бизнис, што поставува високо посакувани стандарди за квалитет во прехранбената индустрија. Денес, компанијата претставува дом и семејство на 550 вработени за кои не постојат граници во унапредување на вкусот и квалитетот на своите 350 производи поделени во 5 брендирани линии.
Производите на Винчини може да се најдат на полиците во маркетите ширум светот, дури до Грендланд, Австралија и Северна Америка.
Иако во јавноста често се говори дека недоволно ги цениме македонските производи и попрво би купиле некој странски бренд, производите на „Винчини“ со квалитет и добра понуда го покажаа спротивното. Во анкета која ја спроведе fakulteti.mk беше поставено прашањето токму кои се омилени македонски производи на младите луѓе. Слатките задоволства на „Винчини“ заслужно се најдоа на врвот на листата. Производите на Винчини се популарни кај сите генерации. Домаќинките на социјалните мрежи се фалат како ги усовршиле рецептите за подготовка на торти, благодарение на готовите кружни кори на Винчини. А тортините и ролатите ги заблажуваат возрасните на прослави, настани и пријателски собири./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

