Компании
Microsoft со силен раст на приходите, но и остар пад на добивката
Приходите на Microsoft силно пораснаа во четрвртото тромесечје од минатата година, пред се благодарение на преземањето на финска Nokia, но добивката остро паднала поради анемичната продажба на персонални компјутери и влијанието на порастот на курсот на доларот.
Според деловниот извештај, приходите на технолошкиот гигант пораснале во изминатиот квартал за осум отсто во однос на истиот период лани, на 26,47 милијарди долари, што е над очекувањата на анлитичарите.
Ова пред се се должи на растот на продажбата на паметните телефони Lumia, откако лани Microsoft го купи мобилното работење на финска Nokia.
Во празничниот период силно порасна и продажбата на Xbox играчките конзоли.
Од друга страна, под притисок и натаму е работењето на Windows поради слабости во продажбата на персонални компјутери, која во светот лани падна трета година по ред, иако последните податоци укажуваат на стабилизација на пазарот.
Потфрлија и приходите од комерцијалните лиценци, односно од продажбата на производите Windows и Office на деловните клиенти, што инаку претставува најголем генератор на приходите на Microsoft.
Падот на овие приходи за 13 отсто делумно е последица на слабоста на некој од најголемите светски економии, како што се Кина и Јапонија, а делумно и поради брзиот раст на курсот на доларот, поради што производите на Microsoft на светскиот пазар станаа се поскапи. Microsoft остварува речиси три четвртини од своите приходи во странство.
И покрај силниот раст на приходите, чистата добивка на Microsoft падна во изминатото тромесечје за 10,6 отсто во однос на истиот период од претходната година, на 5,86 милијарди долари.
Ова делумно се должи на трошоците за реорганизација на компанијата од околу 240 милиони долари, откако лани Microsoft ја презеде Nokia. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

