Компании
Мислите дека знаете како ќе се движи цената на нафтата на берза? Земете ги вашите бесплатни 50 евра, тргувајте и заработeте
FXLider, специјално за читателите на Макфакс овозможува бесплатни 50 евра наменети за тргување со цената на нафтата на светската берза, единствената берза на која можете да заработите и кога цената расте, но и кога цената паѓа.
Пријавете се овде, тргувајте и заработeте со бесплатните 50 евра на светската берза
Мината недела беше остварен најголемиот еднонеделен раст на цената на нафтата во последните 6 години. До растот дојде после руската интервенција во Сирија што додаде нови димензии на неизвесност во конфликтите на Блискиот исток. Официјални лица од САД изјавија дека 4 руски проектили паднаа на територија на Иран кој е земја членка на OPEC ,меѓутоа и рускиот сојузник во судирите со Сирија. Гранатирањето на бунтовниците во Сирија ја стави Русија на спротивна страна на земјите богати со нафта, како што е Саудиска Арабија која ги подржува антирежимските сили во Сирија.
Ben van Beurden, извршниот директор на Shell, неодамна изјави дека пазарот моментално се среќава со првите сигнали кои може да укажат на евентуален раст на цената на нафтата која е повеќе од преполовена од летото минатата година . Цената значително падна откако Саудиска Арабија во ноември минатата година одлучи да не го намалува производството како одговор на прекумерното производство во САД .
Неодамнешниот раст на цената на нафтата наиде на подршка и во прогнозите спрема кои производството во САД би можело да биде на прагот на значаен пад во наредните недели. Производството на нафта во САД во текот на септември падна за 120,000 барели во ден во однос на август, а бројот на активни нафтени бушотини падна на 614, што е најниско ниво во последните 5 години. Само пред година дена бројот на активните нафтени бушотини во САД достигна 1609.
Причините поради кои Русија до сега не го намалила своето производство се геополитички , што OPEC секако го знае и поради тоа не вложуваше во договори за намалување на производството кои не ја уклучуваа Русија. Истотака , енергетскиот сектор на Русија е поразличен од оној во САД и поради типот на опремата и неможе многу едноставно да се намали производството како што е случај во САД , што дополнително го одложува ваквиот чекор. Сепак Русија ,неодамна покажа спремност да се состане со OPEC. Состанокот помеѓу официјалните лица од Русија и Саудиска Арабија е планиран за крајот на месецот а на него ќе се разговара и за енергетските прашања .
Преземете 50 евра за тргување тука.
Како за сега стои ситуацијата мали се шансите да цената на нафтата повторно падне под 40 долари за барел. Министерството за енергија на САД спрема своите прогнози очекува да WTI да достигне 54 долари за барел а Brent 59 долари во 2016 година.
FXLider има соработка со Fortrade Limited – компанија која е авторизирана и регулирана во UK од страна на FCA (Financial Conduct Authority) под лиценца со број 609970..
Договорите за разликата во цената (CFD) ги претставуваат производите кои се потпираат на финансискиот левериџ и носат високо ниво на ризик за вашиот капитал, затоа што цените можат брзо да постанат неповолни за вас.
Загубите можат да ги надминат вашите депозити и од вас би можело да се бара да извршите дополнителни плаќања. Овие производи можеби нема да бидат соодветни за сите клиенти и поради тоа морате да бидете сигурни дека сте ги разбрале ризиците, а и да побарате независен совет.
Овој материјал не претставува понуда, барање ни трансакција во поглед на кој и да е финансиски инструмент. FXLider не прифаќа никаква одговорност за каква било употреба на овие коментари, ниту за последиците кои од тоа можат да произлезат. Не се дава никакво уверување, ниту гаранција за точноста или потполноста на овие податоци. Како резултат на тоа, секое лице кое ќе постапи според нив, тоа го прави потполно на сопствен ризик./крај/мф/би
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Четири години стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детското село
„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ се моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации.
СОС Детско село е организација која во моментов дава поддршка за околу 400 деца и младинци кои се без родители/родителска грижа или кои се во ризик да ги загубат своите родители. Организацијата, која годинава одбележува 25 години од основањето и од згрижувањето на првото дете во земјава, низ годините има помогнато на стотина деца, овозможувајќи им поддршка, љубов, топол дом, чувство на припадност и сигурност, квалитетно образование, посигурна иднина и можност да имаат поубаво детство.



Јулијана Накова-Гапо, национална директорка на СОС Детско село, истакна дека поддршката од „Алкалоид“ и „Бекутан“ претставува многу повеќе од финансиска помош – таа е израз на доверба, долгорочна посветеност и заедничка визија за создавање подобра иднина за децата.
„Горди сме што заедно со ’Бекутан’ градиме приказна на љубов, сигурност и иднина исполнета со надеж. Преку концептот на кумство на една куќа со пет згрижени деца, покрај покривањето на секојдневните трошоци, вложуваме и во нивните образовни и развојни активности, што е од суштинско значење за нивното растење во самостојни и одговорни личности. Ова партнерство е и пример како компаниите можат да бидат вистински херои во животите на децата без родителска грижа“, изјави Накова-Гапо за време на посетата на оваа организација од претставници на компанијата.



Соработката на „Алкалоид“ со македонската гранка на организацијата СОС Детско село започна во декември 2022 година, кога една од куќите на локалитетот во населбата Ченто беше именувана „Бекутан куќа“, за која компанијата ги покри трошоците за секојдневното функционирање. Во 2023 година, по повод 45-годишниот јубилеј на брендот „Бекутан“, беше издвоен одреден процент од продажбите на оваа детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари донирани за оваа организација. На Хуманитарниот пикник на компанијата организиран во 2024 година, вработени на „Алкалоид“, членови на нивните семејства и нивни пријатели донираа близу 2 милиони денари наменети за СОС Детско село.



Активностите на компанијата со СОС Детско село ќе продолжат и во тековната година, а се разгледуваат и нови форми на соработка. „Децата се нашата иднина и наша заедничка одговорност. Ниту едно дете не треба и не смее да биде оставено без грижа, поддршка и можност за развој. Како поединци, како заедница убаво е да помогнеме! Преку одговорно делување и заедничка посветеност придонесуваме кон создавање стабилна и инклузивна заедница“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје. Организацијата СОС Детско село функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и разни форми на партнерства со цел да обезбедат средства за реализација на програми и активности за поддршка на ранливите групи на деца без или кои се во ризик да ја загубат родителската грижа.
(ПР)
Економија
„Нвидиа“ купи акции на „Интел“ во вредност од пет милијарди долари
Американската технолошка компанија Нвидиа купи акции на Интел во вредност од пет милијарди долари, со што ја реализираше трансакцијата најавена во договорот од септември.
Според договорот, Нвидиа платила 23,28 долари по акција и купила повеќе од 214,7 милиони акции на Интел. Инвестицијата е одобрена од американските антимонополски институции, соопшти претходно Федералната трговска комисија на САД.
Се проценува дека уделот на Нвидиа во Интел ќе изнесува околу четири отсто, со што ќе стане еден од поголемите акционери на компанијата, наведува Ројтерс.
Претходно, во август, американската влада купи 10 отсто од Интел за 5,7 милијарди долари, а истата година компанијата обезбеди и две милијарди долари инвестиција од јапонскиот Софтбанк.
Договорот меѓу Нвидиа и Интел предвидува и заеднички развој на чипови, што би можело да ја промени конкуренцијата во индустријата и да влијае врз позициите на ТСМЦ и АМД.
Економија
Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“
Со огромна посетеност и во празнична атмосфера, овој викенд во Гевгелија и официјално започна со работа новиот, најсовремен ЏАМБО (JUMBO) маркет. Сместен во новоотворениот трговски центар „Gevgelija Mall“, реномираниот бренд ја реализираше својата голема инвестиција во јужниот регион, носејќи светско шопинг искуство за локалното население.
Отворањето помина во знакот на семејната забава и радоста. Најмладите посетители уживаа во целодневната програма исполнета со музика, дружење со маскоти, цртање на лице и игри со сапунени меури, што го претвори првиот работен ден на маркетот во вистински настан за градот.
Новиот објект се простира на површина од 3.000 метри квадратни, дизајниран според највисоките светски стандарди. Купувачите веќе имаат пристап до асортиман од над 20.000 артикли, вклучувајќи производи за домот, играчки, декорации и сезонски изненадувања.
Како значајна новина за купувачите во Гевгелија е интегрирањето на селектиран асортиман од брендот ВЕРО во рамките на самиот маркет. Оваа стратешка синергија им овозможува на потрошувачите на едно место да ги задоволат сите потреби за домаќинството, штедејќи време и уживајќи во квалитетот на двата силни бренда.
Генералниот директор на ВЕРО и ЏАМБО маркетите, Петар Денковски, истакна дека ова отворање е многу повеќе од проширување на продажната мрежа – тоа е исполнување на ветувањето за поддршка на локалната заедница.
„Горди сме што со оваа капитална инвестиција директно влијаеме на економскиот пулс на Гевгелија. Отворивме нови работни места и создадовме силен регионален магнет кој очекуваме да привлекува купувачи не само од градот, туку и од соседството,“ изјави Денковски.
Менаџментот на компанијата потврди дека експанзијата не застанува тука. Успешната приказна продолжува и следната година со најавеното отворање на нов маркет во Струмица, со што ЏАМБО и ВЕРО целосно ќе го заокружат своето присуство во југоисточниот дел на Македонија.
Новиот маркет во Гевгелија веќе работи со полн капацитет, нудејќи креативни решенија и производи за целото семејство, под препознатливиот слоган „За сѐ што ви треба и не сте знаеле дека ви треба“.
(ПР)

