Компании
На Фестивалот на младо вино во Тиквеш собрани 200.000 денари за проектот „Заедно до дома“
На годинешниот Фестивал на младо вино, Тиквеш се приклучи на акцијата „Заедно до дома“, реализирана од Црвениот крст на град Скопје, при што се обезбедија 200.000 денари.
За посетителите на фестивалот, ВВ „Тиквеш“ подготви уникатен подарок – младо вино од годинешната берба, дополнително мотивирајќи ги посетителите да дадат индивидуален придонес.
Оваа новина на петтиот по ред Фестивал на младо вино, беше извонредно прифатена од многубројните посетители, кои можеа и да се вклучат во оваа акција, благодарение на соработката на „Тиквеш“ и Црвениот крст.
Од донациите на посетителите на Фестивалот на младо вино беа собрани околу 100.000 денари, а ВВ „Тиквеш“ донираше дополнителни 100.000 денари, со што уште еднаш ја потврди својата определба за општествено одговорно работење.
На ваков начин посетителите имаа причина повеќе да се вклучат и да дадат поголем придонес, имајќи во предвид дека „Тиквеш“ ќе обезбеди дополнителни средства во висина на собраниот износ од индивидуалните донации.
„Особено сме горди и задоволни што годинава на Фестивалот на младо вино посетителите со задоволство ја прифатија нашата иницијатива заеднички да се вклучиме во една акција чија цел е да им се помогне на оние на кои тоа намногу им е потребно. Среќни сме што нашата иницијатива беше прифатена одлично од посетителите. Винарницата и понатаму продолжува да поддржува и да поттикнува активности кои се во интерес на пошироката заедница“, истакна Игор Илиевски, генерален директор на ВВ „Тиквеш“.
Судејќи според огромниот интерес што ја предизвика оваа хумана акција кај посетителите на фестивалот, таа несомнено претставува совршен спој на убавото и полезното со што ВВ „Тиквеш“ уште еднаш ја потврди својата општествена одговорност. Црвениот крст на градот Скопје што ја реализира акцијата „Заедно до дома“ изрази огромно задоволство од резултатите од оваа заедничка активност со ВВ „Тиквеш“.
„Со задволство ја прифативме иницијативата на „Тиквеш“ за приклучување во проектот. Ние сме пријатно изненадени од резултатот и искрено се надеваме дека ќе имаме уште успешни проекти со „Тиквеш“ и во иднина. Посетителите на Фестивалот на младо вино покажаа вистинска хуманост и висока свест за потребата од заедничка акција за подобрување на состојбите и обезбедување поддршка на оние што имаат потреба од помош“, истакна Сузана Т. Пауновска,секретар на Црвен крст на град Скопје.
Настанот Фестивал на младо вино на ВВ „Тиквеш“ е прв и единствен од ваков вид во земјава и придонесува за развој на винската култура, како и создавање на сопствена традиција, како што е случајот во многу други земји производители на вино. Фестивалот дава и голем придонес во продолжувањето на домашната винска традиција, а пред сè придонесува за развој на винската култура во земјата и регионот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Гласот ми откажа“: Кандидати раскажуваат за исцрпувачкиот финален круг за работа во „Амазон“
Вработен во „Амазон“ откри како изгледа нивниот озлогласен завршен круг разговори за работа, последната и најинтензивна фаза од селекцискиот процес во компанијата. Станува збор за вистински маратон – четири до шест последователни интервјуа, од кои секое трае меѓу 45 и 60 минути, а сите се одржуваат во ист ден, пренесува Унилад.
Официјален опис на процесот
На официјалните страници за вработување, „Амазон“ наведува дека кандидатите разговараат со повеќе вработени, при што секој од нив проценува различни вештини и искуства за да се добие целосна слика за тоа како кандидатот би се вклопил во тимот и работната средина.
Сите кандидати се оценуваат според таканаречените „Принципи на лидерство“, интерен сет на вредности и правила, а интервјуерите бараат конкретни примери за тоа како кандидатите ги применувале во досегашната работа.
Компанијата користи прашања засновани на реални ситуации од пракса, со цел да добие конкретни примери од претходното искуство и да разбере како кандидатот пристапува кон предизвици, донесување одлуки и соработка. Пример за такво прашање е:
„Опишете ситуација во која сте презеле ризик, сте направиле грешка или сте доживеале неуспех. Што се случи и што научивте од тоа?“
Искуство од прва рака
Еден вработен во „Амазон“ од Австралија, кој работи во малопродажниот тим, го споделил своето искуство на „Редит“, потврдувајќи дека процесот е исклучително тежок. Тој го опишал како „многу интензивен“ и објаснил дека системот е многу посложен отколку што изгледа на прв поглед.
„Прво следи 20-минутен телефонски разговор со одделот за човечки ресурси. Потоа доаѓа едночасовен видеоповик со менаџерот кој вработува. По тоа следи завршниот круг – пет едночасовни разговори, еден на еден, со пет различни лица“, појаснил тој.
„Од тие пет лица во завршниот круг, едно е таканаречен ‘bar raiser’, лице задолжено за одржување на високи стандарди; од него се очекува да биде построго кон кандидатот и подетално да го испрашува. По завршниот круг, интервјуерите даваат препорака ‘вработи’ или ‘секако вработи’, односно ‘не вработувај’ или ‘никако не вработувај’. Потоа се состануваат и дискутираат. Мислењето на менаџерот што вработува и на ‘bar raiser’-от има најголема тежина. Кандидатот мора да добие препорака за вработување од сите пет интервјуери“, додал тој.
Исцрпувачко и монотоно
Друг корисник на „Редит“ го опишал процесот како целосно исцрпувачки.
„Никогаш не сум учествувал во толку интензивен, монотон и здодевен процес на вработување“, напишал тој.
„Во еден момент гласот почна да ме издава, бидејќи од мене се очекуваше да зборувам 30 до 45 минути. Повеќето интервјуери ми оставија само десет минути на крајот за мои прашања, а имав многу повеќе што сакав да прашам отколку што времето дозволуваше“, се пожалил.
Слично искуство споделила и вработената Емили Мареј на веб-страницата на „Амазон“.
„Иако и претходно сум одела на интервјуа за работа, ниту едно не било толку ригорозно, долго или темелно како тоа во Амазон. Процесот се состоеше од телефонски разговори со регрутер и менаџерот што вработува, по што следеше петчасовен завршен круг интервјуа со неколку интервјуери од различни делови на компанијата“, навела таа.
Мареј им советува на кандидатите однапред да подготват конкретни примери од своето искуство, да поставуваат прашања, да ги прилагодат одговорите на описот на работното место и своите успеси да ги поткрепат со бројки и податоци.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)

