Компании
Нафтените компании загубија десетици милијарди долари пазарна вредност
Остриот пад на цената на нафтата избриша минатата недела десетици милијарди долари пазарна вредност на нафтаните компании и најави губење на нивните статуси како „сигурни прибежишта за капиталот“, со оглед дека во иднина би можеле да бидат помалку профитабилни и да исплатуваат помали дивиденди.
Откако во четвртокот Организацијата на држави-извознички на нафта (OPEC) се одлучи да го задржи досегашното ниво на производство, наспроти прекумерната понуда,терминската цена на барел нафта во петокот на американската берза падна под 68 долари, прв пат од 2010 година.
Во минатиот месец цената на нафтата падна за над 10 отсто, продолжувајќи со надолниот тренд кој трае веќе неколку месеци.
„Се чини дека моментно не постои ништо што може да сопре пад на цената на нафтата, чија цена би можела да потоне и на 60 долари за барели“, вели еден аналитичар.
Поради тоа само во петокот на Волстрит индексот на нафтените компании потона за над 6 отсто, при што цената на акциите на Exxon Mobil потонаа за над 4, а на Chevron за над 5 отсто. Со тоа се избришани десетина милијарди долари пазарна вредност на американските нафтени гиганти.
Цената на нафтата паѓа со месеци, поради што под притисок се најдоа и акциите на услужните копании од овој сектор, додека цените на акциите како што се Royal Dutch Shell и Total беа поштедени со оглед дека овие компании ги навикнаа инвеститорите на обемни дивиденди.
Сепак, се чини дека ставот на инвеститорите се измени во петокот, кога цените на акциите на двете наведени компании на европските берзи остро паднаа, при што се избришани 33 милијарди долари нивна пазарна вредност. Цената на акцијата на норвешки Statoil поевтини над 3 отсто.
Reuters проценува дека само во европскиот нафтен сектор минатиот четвртоко и петокот биле избришани 67 милијарди долари пазарна вредност. Тоа е значително над 41,6 милијарди долари, колку што изнесуваат вкупните дивиденди во нафтениот сектор во вториот квартал од годината.
„Многу инвеститори вложуваа во нафтениот сектор поради обемните дивиденди. Но, како што сега цената на нафтата е многу ниска, многу нафтени компании тешко ќе го одржат досегашното ниво на дивиденди. Ќе се соочат со изборот-или да ги задржат високите дивиденти а да ги намалат инвестициите, или спротивно од тоа“, вели Јаник Нод, портфолио менаџер во фондот Sturgeon Capital, кој очекува натамошен пад на цената на „црното злато“, а со тоа е акциите на нафтените компании. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)
Економија
Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година
Извозот на македонски производи во 2025 година преку продажната мрежа на Лидл достигна 15,5 милиони евра, што е јасен показател за извозниот потенцијал на домашните производи и можноста за пласман на европските пазари што ја нуди Лидл. Ова претставува огромен раст, во споредба со 5 милиони евра извоз во 2024 година и 570 илјади евра во 2023 година.
Странските пазари најголем интерес покажаа за трпезното грозје, од кое беа реализирани приходи од 3,3 милиони евра, а имаше најголем пласман во Полска. Одлични резултати имаше и од извозот на јагнешко месо во Бугарија, чија продажба донесе прилив од 2,2 милиони евра.
Дека свежото овошје и зеленчук се еден од домашните извозни адути покажа податокот според кој од вкупниот износ од 15,5 милиони евра, во минатата година беше реализиран извоз од 5 милиони евра. Преку мрежата на Лидл се извезени 15 вида од овие земјоделски култури, од преку десет добавувачи. Петте најизвезувани производи беа грозје, зелка, пиперка, моркови и домати, кои одлично поминаа во Бугарија, Германија, Романија, Полска, Словачка, Србија, Чешка и други земји. Во рамки на редовниот извоз од 7 милиони евра доминираа конзервираните производи, со остварени продажби во странство од 5,8 милиони евра, по што следуваат кондиторските, млечните производи, како и виното и пијалаците.
„Постои голем потенцијал за извоз на македонските производи. За нас во Лидл е успех што можеме да ги поддржиме и да бидеме мост за македонските производи кон европските пазари. Постојано соработуваме со производители од земјава и сме особено горди што на десетици компании можеме да им помогнеме во процесите на сертификација, зголемување и унапредување на капацитетите за производство и да овозможиме извоз на европските пазари“ изјави Стефан Георгиев, комерцијален директор на Лидл Северна Македонија.
Преку иницијативата „Македонска недела“, Лидл во претходните две години организираше 22 промоции во маркетите во Бугарија, Словенија, Србија и Хрватска, со понуда на над 70 македонски производи од 17 добавувачи и над 2.200 палети производи, правејќи ги многу повидливи и препознатливи за странските потрошувачи.
Лидл се позиционира како сериозен и значаен партнер на македонската економија, со мерливи резултати во извозот на домашни производи и конкретна поддршка на домашните компании. Со отворањето на маркети низ целата земја компанијата очекува зајакната соработка со домашните производители, со цел на потрошувачите да им понуди широк спектар на квалитетни производи по пристапни цени.
(ПР)

