Компании
Најбогатиот Словенец ја пресели компанијата на Кипар
Претприемачот Санди Чешко, кој важи за најбогатиот Словенец со имот процент на 460 милиони евра, потврди дека својата компанија „Studio moderna“ неодамна ја регистрирал на Кипар.
Чешко во разговор за словенечкиот деловен весник Finance изјави дека компанијата од 2001 година ја имал регистрирани како холдинг со седиште во Холандија, па од аспект на словенечката даночна управа на којашто лично и’ плаќа данок на приход ништо не се менува, како и дека сега одлуката за селење на седиштето на компанијата на Кипар ја донел по совет на правници.
Имајќи предвид дека Холандија, Словенија и Кипар се во Европската унија, самата селидба на седиштето на компанијата не донесува никакви даночни олеснувања, освен кога станува збор за добивка на капиталот, но за тоа е потребна промена на сопствеништвото и низа други услови, додал Санди Чешко.
Данокот на добивката на Кипар изнесува 12,5 отсто, додека во Словенија е значително повисок и изнесува 17 отсто. Слично е и со данокот на додадена вредност, бидејќи стапката на ДДВ-то во Словенија изнесува 22 отсто, а на Кипар изнесува 19 проценти.
Санди Чешко по образование е политиколог, а по професија претприемач и менаџер, а неговата компанија лансираше успешна продажба преку телевизија, и е особено позната по „космодискот“, помагалото за лица со тешкотии во ’рбетот, како и по душеците за спиење од програмата „дормео“. Отворено се декларира како левичар и е член на партијата Социјални демократи (SD). Пред дваесетина година се занимаваше и со политика и беше член на државниот совет, своевиден долен дом на словенечкиот парламент.
Ревијата Menager веќе трета година по ред го става Чешко на самиот врв на листата најбогати Словенци, со имот од 460 милиони евра, а важи за третиот најбогат претприемач во поранешниот југословенски простор, по сопственикот на „Аgrokor“ Ивица Тодориќ и Миодраг Костиќ, сопственик на групацијата МК.
Најреномираниот словенечки даночен експерт Дарко Кончан изјави дека потегот на Чешко не е спорен, како и дека Кипар повеќе не е озлогласена даночна оаза, туку дека само има даночен систем кои е привлечен за претприемачите.
На Кипар имаат регистрирано компании и многу други богати Словенци, како на пример „кралот“ на сертификациската приватизација Игор Лах, кој пред неколку години, исто така, беше на врвот од листата најбогати Словенци. Компанијата на Кипар ја регистрираше пред неколку години и контроверзниот претприемач Јуре Јанкович, синот на љубљанскиот градоначалник Зоран Јанкович, што своевремено предизвика саркастични коментари на сметка на стариот Јанкович кој се наметна како кандидат за премиер на владата со мотото дека сака да привлече странски инвеститори во Словенија./крај/мф/сн
Извор: Finance
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

