Компании
Најновите модели на Huawei во понудата на Македонски Телеком
Познатиот кинески бренд Huawei (Хјуавеј) во петокот во просториите на Македонски Телеком ги промовираше најновите модели на телефоните Huawei P8 и Huawei P8 Lite.
Овие телефони во бела и црна боја ќе бидат достапни во Македонија од 10 јули, кога е и нивната светска премиера, а ќе се продаваат исклучиво во продавниците на Македонски Телеком.
На промоцијата беше изразено очекување дека овие телефони имаат тенденција за кратко време да го освојат пазарот поради неверојатните перформанси.
Примамливата цена и моќните перформанси кои рамо до рамо конкурираат на светски мобилните брендови го прават овој производител привлечен за корисниците.
Huawei P8 има конструкција од метал со висок квалитет, елегантен и тенок дизајн. Може да се пофали со силна способност за фотографирање. Ја поседува првата камера во светот со 13MP и RGBW сензор за слика. Овој телефон има неверојатно контролно мени и подесувања на фотографските параметрите кои досега ниту еден друг паметен телефон ги нема понудено. Предната 8MP камера им дава можност на корисниците да ги направат селфи портретите поквалитетно. Телефонот поседува и опција да го препознае лицето на својот сопственик па така со секоја фотографија автоматски се активираат подесувањата за разубавување правејќи го секој портрет совршен.
Она што е новитет во светот на мобилните телефони е способноста на П8 да изработува светлечки слики со 4 различни подесувања и тоа: „Светлечки траги од автомобили“, „Светлечки графити“, „Свиленкаста вода“ и „Ѕвездена патека“.
Слично на професионалните фотографски апарати подесувањата на П8 дозволуваат да се контролираат нивоата на експозицијата со помош на кои ќе се создадат спектакуларни фотографии.
Овој телефон нуди и еден забавен новитет, а тоа е можноста да се поврзе со уште 3 различни телефона кои истовремено можат да снимаат иста сцена и потоа снимениот материјал да се преточи во едно видео.
Поедноставната верзија на П8 е неговото П8 лите. Неговиот дизајнерски концепт е инспириран од хармонијата и балансот. Предната и задната страна на телото е комплетно мазна и симетрична, вистинско ументничко дело со елегантен и сјаен изглед.
П8 лите користи супериорна камера која ги доловува и најситните детали со јасна и богата слика дури и при услови на намалено осветлување.
Филтрите за сина светлина ја прави фотографијата појасна, кожата на видеата делува уште поубава, а со тоа ќе бидете сигурни дека камерата ве уловила во вистинскиот момент. И овој модел ја содржи истата опција за препознавање на лицето на својот сопственик и автоматско разубавување при секое фотографирање.
Доколку корисникот сака поширок кадар при правењето на селфи фотографиите и со едноставно поместување кон лево и десно се проширува кадарот. Па така трите кадри кои се направени ќе се соединат во една панорамска фотографија./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

