Компании
Насочување кон граѓаните и развој, цели на новите сопственици на „Алфа банка“
Насочување на банкарските продукти кон граѓаните, како и кон малите, средни и микро компании се меѓу плановите коишто во средата ги најавија новите сопственици на „Алфа банка“ во Македонија, досега филијала на грчката „Алфа банка“ во Македонија, откако од минатиот петок целиот акционерски капитал на „Алфа Банка АД Скопје“ беше купен за 1,2 милиони евра од „Silk Road Capital“ во сопственост на поседува Швајцарецот со пакистанско потекло Анис Кан.
Компанија е во сопственост на приватен инвеститор од Швајцарија, чија главна дејност е инвестирање во финансискиот сектор во регионот и, како што велат, тоа успешно го прави во последниве 12 години, вклучувајќи и една претходна инвестиција во локална банка. Банката со новиот сопственик ќе продолжи со редовно работење, додека трговската марка на „Алфа Банка“ ќе се користи, за еден одреден период, во согласност со привремениот договор за користење на лиценциите, најави Кан.
Кан претставувајќи се на прес-конференцијата во Скопје рече дека има големо банкарско искуство и во земјите во регионот, како и во светот. Банката ќе се преименува веднаш во „Силк роад банка“, а менаџментот целосно ќе се промени во период од три месеца, кога ќе почне и процесот на ребрендирање на картичките, на филијалите, но не прецизираше дали ќе остане истиот број на вработени.
„Во банкарска смисла постоеше свет пред 2008 и по 2008 година. Претходно работевме и имавме добри трансакции, но по кризата ова ситуација се промени. Еве и во Македонија немало банкарска трансакција во последните десет години. Никој не сака да инвестира во банки, сега тоа се смета за ризик. Инвестицијата овде ја сметаме за добра и се надеваме дека ситуацијата ќе се подобри и покрај тоа што Алфа банка во последните шест години работи со загуба“, рече Кан.
Сепка, додаде дека во македонската банка ќе имаат ниска структура на трошоци и очекува за периодот од шест месеци да се видат првите резултати од ангажманот на новиот раководен кадар кој се зајакнува со искусниот швајцарски банкар Ралф Шнебели.
„Нашата стратегија е да го зајакнеме банкарското работење. Ќе воведеме нов информативен систем и ќе вградиме швајцарски модел на работење на банката со воведување нови процеси и пренесување на дел од бизнисот од швајцарската банка кој се однесува на меѓународното работење. Ќе се обидеме, по шестгодишно работење со загуба, оваа банка да ја кренеме за краток период“ додаде Кан.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со меннието во јавнсота дека испалтената сума е ниска, тој рече дека не смета оти сумата за која е купена „Алфа банка“ е ниска, а своето тврдење го образложи со податоци дека дел од грчките банки во регионот се распродаваат буквално без пари и го посочи промерот во соседна Бугарија каде што локаланта подружница на оваа грчка банка е продадена за едно евро.
На прес-конференцијата беше претставени и Ралф Шнебели, кој најверојатно набрзо ќе биде предложен за прв директор. Тој повикувајќи се на своето, како што рече, долгогодишно искуство во банакрскиот и маркетинг секторот, оцени дека во Македонија има потенцијал за раст на банкарскиот сектор, а дека во Алфа банка има добра основа за развој.
Шнебли, како што рече, ќе работи на свеста на клиентите. „Ќе се обидеме да ја промениме практиката и односот кон клиентите. Тие ќе бидат услужени веднаш, а со воведувањето на иновациите ќе придонесеме за подобрување на банкарската клима“ посочи Шнебли.
Името Алфа банка ќе се користи уште најмалку три месеца, бидејќи така е договорено со грчката страна. Трансферот на сите други услуги со новото име ќе оди постепено, без никакви промени за граѓаните и компаниите. Како што вели, сакале банкарството да стане меко како свила, како што кажувало и името на фондот./крај/мф/сс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

