Компании
Нова инвестиција од ОДВ Електрик, ќе се вработат 1.000 лица
Потпишан е договор со компанијата ОДВ Електрик, која планира инвестиција од 15 милиони евра, за градба на капацитет во Струга и етапно вработување на 1.000.
Компанијата која се занимава со производство од автомобилската индустрија веќе има инвестирано во Македонија и во Охрид веќе има вработено повеќе од 130 лица, до крајот на годинава бројот на вработени ќе достигне 150, а етапно вкупно ќе вработи 1.000 македонски граѓани.„Владата на Република Македонија и државните институции ќе останат голем партнер на челниците на оваа, како и на сите други компании заинтересирани да инвестираат во Македонија. Остануваме посветени на нови инвестиции, отворање на нови работни места, креирање на одлични услови за инвестирање и создавање на поволна бизнис клима“, рече премиерот Никола Груевски.Директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо, истакна дека со челниците на компанијата тој и премиерот оствариле средби на владиното роуд шоу во Штутгарт.„Десет дена потоа претставници од компанијата дојдоа во Македонија и со нас поминаа низ технолошко-индустриските зони за лично да ги погледнат можностите за инвестирање. За две недели ќе започнат со изградба на нов капацитет, а до средината на 2016 година се очекува објектот да стане функционален и да започнат со работа“, рече Мизо.Иако, челниците на ОДВ Електрик разгледувале повеќе држави како опции за своја нова инвестиција, сепак ја избрале Македонија бидејќи, како што рекоа, претставниците на македонската влада точно знаат што очекуваат инвеститорите и што им е потребно.„Организацијата на чело со Виктор Мизо во текот на целиот процес не поддржуваше и соработуваше со нас, па постигнавме резултати подобри од во која било друга земја. Брзиот почеток на работата во веќе постоечки објект и планот за почеток во нова локација не ни беа понудени во ниту една друга земја“, рече Лудвиг Батон, извршен директор на ОДВ Електрик./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)