Компании
Нова Марлборо цигара произведена во Македонија
Неколку месеци по успешното поставување на новите машини во Тутунски комбинат Прилеп (ТКП), заедничката компанија Филип Морис ТКП започна со производство на една од најновите понуди на светски познатиот бренд Марлборо во Македонија.
Marlboro Flavor Plus е уникатна и иновативна понуда, како во поглед на производот така и во дизајнот на пакувањето, што е произведена во Македонија во постојните капацитети на ТКП кои беа дополнително зајакнати и модернизирани со поддршка на стратешкиот партнер, Philip Morris International. Во текот на изминатата година, партнерите започнаа со соработка, модернизација и размена на најдобри практики, со цел да обезбедат одржлив комерцијален успех. „Конечно започнавме со производство на Marlboro Flavor Plus во Македонија. Ова е една од најиновативните понуди од нашиот премиум бренд. Долгоочекуваното производство на Марлборо во Македонија ги покажува нашата верба во партнерството и дека тоа се движи во правилна насока. Истовремено, ја претставуваме на пазарот нашата прва понуда на тенки цигари: Fine Touch XL, кои се увезени од една од врвните светски фабрики на Philip Morris International. Двете нови понуди се иновации во поглед на нивното уникатно пакување и карактеристики на производот. Со ова, ние им нудиме производи од светска класа на возрасните пушачи во Македонија”, изјави Генералниот менаџер на ПМТКП, Емре Козлу. Според Генералниот менаџер на Тутунски Комбинат Прилеп, Александар Дерменџиев, производството и лансирањето на Marlboro Flavor Plus е многу важен чекор за фабриката во Прилеп, проследено со производството на уште еден интернационален бренд на Philip Morris International, Bond Street. „Модернизацијата на фабриката беше клучна за новите потфати. Значително го подобривме квалитетот и ефикасноста на производството. Оваа иницијатива е голем чекор за ТКП, но и голем чекор за Македонија”, додаде Дерменџиев.Marlboro Flavor Plus е иновативен производ, кој содржи 3-зонски филтер со тутунски дел. Пакувањето на производот има подобрена заштита со неговиот патентиран систем за отворање и е меко на допир. Достапно е на пазарот по цена од 130 денари. Од друга страна пак, Marlboro Fine Touch XL е првата тенка цигара понудена од Марлборо во Македонија, дизајнирана да има послаб мирис поради нејзиниот уникатен микс, а со цена во малопродажба од 90 денари.За само една година постоење, заедничката компанија Филип Морис ТКП направи значителни чекори во менувањето на тутунската индустрија во Македонија. Производство на неколку интернационални брендови во Македонија, влезот на висококвалитетни светски брендови, како Честерфилд, реструктуирање на фабриката и модернизацијата со партнерот ТКП се само неколку од успесите кои вреди да се споменат од изминатиот период./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

