Контакт

Компании

Новата ŠKODA Fabia пристига во Македонија на почетокот на следната година

Објавено пред

Новата ŠKODA Fabia и новата ŠKODA Fabia Combi ја прославија својота светска премиера на овогодинешниот автомобилскиот саем во Париз. Комплетно нови, двете верзии на просторниот  автомобил се појавија на автомобилската модна писта, со својот нов изглед, кој е многу повеќе спортски, модерен и иновативен од било кога досега.

dobivaj vesti na viber

 

“Новата Škoda Fabia е уште една пресвртница за Шкода, која ја истакнува емотивната и техничка моќ на брендот,” изјави извршниот директор на ŠKODA Винфрид Валанд. “Сите верзии на Fabia едноставно нудат многу повеќе од автомобил. Škoda Fabia е автомобил за срцето и разумот, модерен, идеален за оние со ведар спортски дух, овозможувајќи  мобилност, особено во урбаните средини. Ние сме убедени дека новата Fabia ќе го зголеми семејството на нашите клиенти, зголемувајќи го бројот на досегашните 3,5 милиони клиенти кои до сега се одлучија за Fabia. Просторната Fabia Combi е лидер на пазарот во својот сегмент уште од самиот почеток,  ние планираме да го продолжиме успехот и со најновата генерација “, изјави проф д-р Валанд. 

 

Третата генерација на Fabia е комплетно нова во секој поглед. На прв поглед, најмногу се забележува значително поостриот дизајн. ŠKODA креираше експресивен дизајн за новата Fabia, црпејќи инспирација од  концепт автомобилот ŠKODA VisionC .

 

“Со своите спортски пропорции, Škoda Fabia изгледа свежо и модерно. Ние и ги дадовме нашите рели гени и ја создадовме најемотивната Fabia до сега”, изјави Френк Велш, член на одборот за технички развој. Креиравме млад, свеж ентериер, богата палета на бои и бројни опции за персонализација. “Ја креиравме новата генерација на Fabia со построги пропорции. Новата Škoda Fabia е пониска и поширока, а растојанието од подлогата е помала. Контурите исто така, се поостри, со кристално јасни линии и елементи. Затоа  Fabia однадвор има многу повеќе контраст и силна интеракција помеѓу светлината и сенката.  Сето тоа му дава на автомобилот единствен  самоуверен карактер”, објасни главниот дизајнер на ŠKODA, Јозеф Кабан.

 

Технологијата вклучена во новата Škoda Fabia ќе ги задоволи сите барања па дури и на најпребирливите. Брендот направи модел кој го поврзува вашиот паметен телефон со информативно забавниот систем на автомобилот, употребувајќи MirrorLink ™ и SmartGate функции. Со нови мотори и помала тежина, потрошувачката и емисиите на штетни гасови значително се намалени и тоа за 17%. Иновативните системи за помош, кои досега беа достапни само во повисоките класи на возила, обезбедуваат зголемена безбедност и поголема удобност. Покрај сите нови придобивки, дизајн и технологија новата Škoda Fabia и новата Škoda Fabia Combi се вистински шампиони во поглед на услужливост, со различни апликации и најголем багажник во својата класа. /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid

Објавено пред

Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.

dobivaj vesti na viber

Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:

Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €

Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.

Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.

Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина

Објавено пред

Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.

dobivaj vesti na viber

Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.

Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.

Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.

Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park

Објавено пред

Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.

dobivaj vesti na viber

Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.

Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.

Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.

СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:

Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен

Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела

Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.

Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!

Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа19 минути

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион10 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија10 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет13 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија16 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија18 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија19 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија20 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија20 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија21 час

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ22 часа

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа24 часа

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет24 часа

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа1 ден

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...

Европа1 ден

(Видео) Нов голем руски напад врз Киев, градот преплавен од ракети

Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради,...

Регион1 ден

Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер

Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак...

Свет1 ден

Шефот на Инстаграм на суд: Апликацијата не предизвикува клиничка зависност

Адам Мосери, шефот на Инстаграм, сведочеше дека не верува дека корисниците можат да бидат „клинички зависни“ од апликацијата за социјални...

Македонија1 ден

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија2 дена

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...