Контакт

Компании

Новиот Airbus A321 на Wizz Air слета на аеродромот Александар Велики

Објавено пред

Новиот Airbus A321 на компанијата Wizz Air слета во среда на скопскиот аеродром Александар Велики, симболично одбележувајќи 12 годишнината од својот прв лет.

dobivaj vesti na viber

Генералниот Извршен Директор на Wizz Air, Јозеф Варади заедно со авионскиот екипаж, беа пречекани на аеродромот Александар Велики, од страна на Зоран Крстевски, Генерален Извршен Директор на ТАВ Македонија заедно со целосниот менаџерски тим на аеродромот, додека авионот беше традиционално поздравен со водени топови.„Во изминатите 12 години Wizz Air го револуционизираше воздухопловството низ Централна и Источна Европа. Ние моментално поврзуваме 39 држави, со дестинации кои се протегаат од Европа до Блискиот Исток. Минатата година, го лансиравме нашиот освежен бренд и го испорачавме првиот Airbus A321 авион, најефикасниот авион со еден коридор во светот и со нашите тековни испораки, нашата флота останува една од најмладите во Европа. Нашата мисија е константно да го подобруваме патувачкото искуство на нашите патници, а денес, правиме чекор напред со лансирањето на нашата нова веб-страница. Како одраз на иновацијата што Wizz Air ја воведе со својот прв лет, ние одговараме на нашите патници и го правиме букирањето на летовите уште полесно – новата револуционерна функција „Express Booking“ (експресно букирање) овозможува букирањето на картите со ниски цени на Wizz Air да биде направено со само три клика во рок од 30 секунди. Ние ќе продолжиме да ја развиваме мрежата на рути во Европа и пошироко и со нетрпение ги очекуваме нашите веќе постоечки корисници и новите клиенти да ја искусат одличната услуга на Wizz Air овозможена од нашот фантастичен тим“, изјави Јозеф Варади, Генерален Извршен Директор на Wizz Air.„Слетувањето на новиот Airbus A321 на авиокомпанијата Wizz Air и одбележувањето на нивната 12-годишнина е добра можност за потврда на добрата соработка меѓу нас како аеродромски оператор и Wizz Air како авиокомпанија. Wizz Air почна со летови на скопскиот аеродром ,,Александар Велики’’ во јуни 2011 година, со првиот лет до Лондон (Лутон). Денес можеме да се пофалиме дека Wizz Air лета на вкупно 24 дестинации, поврзувајќи ја Македонија со 11 европски држави. Зголемената мрежа на дестинации и зголемениот сообраќај на двата македонски аеродроми нè охрабрува да предложиме и нови дестинации, а зошто да не и на прекуокеански сообраќај“, изјави Зоран Крстевски, Генерален Извршен Директор на аеродромот во Скопје „Александар Велики“.Авиокомпанијата денес го објавува лансирањето на нова веб-страна, како и нов авионски капацитет и линии.Новата веб-страна на Wizz Air има распоред кој е лесно прилагодлив на секоја големина на екрани: смартфони, таблет или десктоп и е полесна за користење од било која друга тековна авионска веб-страна. Револуционерната функција (експресно резервирање) „Express Booking“ е првата функција од овој вид која им овозможува на корисниците да купат карта со само три клика во рок од 30 секунди. Wizz Air најпрво ја воведува мобилната верзија на веб-страната, со цел да се запознае со потребите на технолошките експерти, корисници на Wizz Air, како последица на дуплирањето на трансакциите од мобилен од година во година. Во текот на следните недели, веб-страната ќе биде вметната низ сите платформи. Веб-страната веќе е постоечка и на неа може да се закачите директно од смартфон преку wizzair.com или преку m.wizzair.com од било кој уред.Започнувајќи со својот прв лет во Скопје во 2011 година, Wizz Air константно ги зголемува своите операции во регионот. Авиокомпанијата моментално е најголемата во Македонија, во однос на расположливиот капацитет и плaнира истиот во 2016. година да го зголеми за 22%. Wizz Air брои пилоти и тим од 115 вработенин и располага со три авиони стационирани во Скопје. До денес, авиокомпанијата услужила 2.2 милиони патници на нејзините 24 рути до 11 држави, од два македонски аеродроми во Скопје и Охрид.ТАВ Македонија ја заврши 2015 година со зголемување од 22% на вкупниот број на патници на двата аеродроми во Македонија – Александар Велики во Скопје и Св.Апостол Павле во Охрид, достигнувајќи бројка од 1,560,381 патници.Трендот на зголемување на авио-сообраќајот продолжува и оваа година. Во првите 4 месеци од 2016 година преку двата македонски аеродрома беа пренесени 486,968 патници, што е за 28% повеќе во споредба со истиот период во 2015 година. Исто времено, бројот на операциите (полетувања и слетувања) на двата аеродроми е пораснат за 15%. /крај/со/ст

Економија

„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid

Објавено пред

Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.

dobivaj vesti na viber

Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:

Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €

Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.

Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.

Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина

Објавено пред

Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.

dobivaj vesti na viber

Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.

Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.

Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.

Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park

Објавено пред

Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.

dobivaj vesti na viber

Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.

Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.

Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.

СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:

Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен

Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела

Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.

Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!

Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ5 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија5 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија6 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија7 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија7 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион8 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија9 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија9 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет9 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет10 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа10 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет10 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет11 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа11 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион20 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија21 час

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет23 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...