Компании
Новиот BlackBerry® Passport достапен во салоните на Вип
Вип на корисниците во Македонија им го претставува новиот BlackBerry® Passport паметен телефон, кој од денес е достапен во продажните места на Вип по промотивна цена од 6.999 денари во тарифниот модел Vip Free+ NoLimit+, со договорна обврска на 24 месеци.
Одличните перформанси со кои се одликува BlackBerry® Passport совршено го надополнуваат супериорното корисничко искуство, во поглед на голема брзина, стабилност и квалитет, кое го нуди напредната 4G LTE мрежа на Вип која со најновите инвестиции достигна покриеност од над 40% од населението во 13 градови во Македонија и го зaдржа приматот на 4G LTE мрежа со најголема покриеност во Македонија.
Имено, по воведувањето на 4G LTE во јули во Скопје, Охрид, Штип, Струмица, Куманово, Битола и Прилеп, од сега и корисниците во Велес, Тетово, Гостивар, Струга, Кочани и Кавадарци можат да уживаат во 4G LTE брзините.
„Горди сме што ја продолжуваме традицијата да бидеме првиот оператор кој на корисниците им ги овозможува најзначајните новитети во светската индустрија на напредни мобилни комуникации. Со новиот уникатен BlackBerry® Passport, кој е ексклузивно достапен во Вип, одново докажуваме дека ги знаеме очекувањата и желбите на корисниците и дека сме подготвени соодветно да одговориме на нив, нудејќи им нови можности за искористување на супериорните перформанси и најголемата покриеност со нашата 4G LTE мрежа“, изјави Гернот Раш, Главен маркетинг директор на Вип.
„Срцевината“ на новиот BlackBerry® Passport ја сочинуваат четиријадрениот процесор кој работи на 2.2 GHz; 3GB работна меморија (RAM) и дури 32GB интерен простор за чување податоци. На уредот се вградени и две камери кои даваат можност за снимање фотографии и видеа со HD резолуција – задна, со одлични 13 мега пиксели и предна, со 2 мега пиксели. Дополнително, новиот BlackBerry® располага со 4.5 – инчен екран на допир со висока густина на пиксели што овозможува прикажување на неверојатно јасни, прецизни и живописни слики и видеа. Уште една уникатна карактеристика е неговата форма во облик на квадрат со што се добива одлична прегледност, особено при прелистување на интернет страници, читање e-mail пораки, документи, табели и др. На уредот елегантно е вклопената и физичка тастатура која на корисниците им нуди брзо и прецизно пишување e-mail пораки, статуси на социјалните мрежи и други видови текстуални содржини. BlackBerry® Passport работи на најнапредниот оперативен систем BlackBerry® 10 преку кој на корисниците им стануваат достапни голем број интересни и полезни апликации кои можат да се користат истовремено.
Сите овие напредни, уникатни карактеристики го прават новиот BlackBerry® Passport одличен избор за сите корисници, особено за деловните луѓе кои знаат како да го искористат максимумот од можностите што ги нуди овој паметен уред, во функција на зголемување на ефикасноста на нивниот бизнис. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

