Компании
Новите високи оценки за вината на „Тиквеш“ ќе го зголемат извозот
Роберт Паркер, најпознатиот светски вински критичар и еднa од највлијателните личности во светот на виното, и неговиот „Wine Advocate“, објавија нови високи оценки за дури седум врвни вина на винарската визба „Тиквеш“.
Во најновото издание на специјализираното списание на Паркер „Wine advocate“, објавени се оценки за црвените вина „Бела вода“ и „Барово“ од бербата во 2013-та, како и за белите варзии на овие вина од бербата во 2014-та, а за првпат оценети се и вината од екслузивниот бренд „Домен Лепово“ и тоа: Домен Лепово Гранд Куве 2013, Домен Лепово Пино Ноар 2013 и Домен Лепово Шардоне 2014.
Карактеристично за ова оценување е тоа што тимот на Паркер и овојпат ги смести вината на „Тиквеш“ во категориите „многу добри“ и „извонредни“.
Тимот на Паркер со ова уште еднаш го потврди своето високо мислење за вината на „Тиквеш“, кое почна да се гради пред пет години, со високата оценка за црвеното вино „Бела вода“ од бербата во 2010-та, кое беше првото вино на „Тиквеш“ и воопшто првото вино од поширокиот регион кое доби 94 поени.
„Со овие оценки, Тиквеш и македонската винска индустрија се издвојуваат како водечки од целиот овој регион, затоа што не постои друг производител од овие краеви кој добил вакви и толку многу оценки за своите вина. Тоа јасно зборува за квалитетот на вината на „Тиквеш“, но и за винскиот потенцијал на земјата од каде потекнуваат овие вина. А, токму тоа е огромен успех за сите, кој верувам дека ќе донесе добри резултати, особено во поглед на зголемување на извозот на вино од Македонија, затоа што добриот глас на Паркер се шири многу брзо и многу далеку“, вели светски познатиот енолог и вински консултатнт Филип Камби, кој веќе шест години го советува „Тиквеш“ и се потпишува на неговите врвни вина.
Првата оценка на Роберт Паркер за вино произведено во ВВ „Тиквеш“ во 2011-та година, придонесе за зголемување на извозот на пазарот во САД како и проширување на пласманот на други значајни, висококонкурентни извозни пазари, како што се британскиот и скандинавскиот.
„Горди сме што нашите врвни вина го потврдија местото на листата најдобри светски вина. Посебно нѐ радува фактот што добиваме високи оценки за вина кои се произведени во неколку последователни години, вклучувајќи ја и 2014-та, како исклучително неповолна винска година, што јасно покажува дека „Тиквеш“ може и знае како во континуитет да го задржи високото ниво на квалитет на вината што ги произведува. Се надевам дека најновите оценки ќе придонесат за дополнително зацврстување на реномето на брендот, нивната препознатливост од страна на купувачите и потрошувачите и во земјата и во странство и зголемување на извозот што секако е наша стратешка цел“, изјави генералниот директор на „Тиквеш“, Игор Илиевски. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

