Компании
Обука за подобрување на подготвеноста за справување со катастрофи на македонските аеродроми
Скопскиот аеродром „Александар Велики“ ќе се здобие со дополнителни знаења и вештини за справување со катастрофи благодарение на тридневната обука која започна во понеделник.
Програмата за обука насловена како „Да ги подготвиме аеродромите за катастрофи“ (ГАРД), се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и водечката светска транспортно-логистичка компанија, Дојче Пост Де-Ха-Ел групацијата, во соработка со ТАВ Македонија, компанијата која управува со двата аеродроми во земјата, „Александар Велики“ во Скопје и „Свети Апостол Павле“ во Охрид.
Целта на програмата ГАРД е да се подобри капацитетот на аеродромскиот персонал за справување со зголемените логистички предизвици присутни во пост-кризни ситуации предизвикани од катастрофи.
Со обуката ќе се подобрат локалните логистички капацитети и знаења, а со цел да се избегне создавањето тесни грла на аеродромите, и да се осигури ефикасен прием на поголеми количества хуманитарна помош кои пристигнуваат во вакви ситуации.
Од 2005 година, концептот ГАРД успешно бил спроведен на речиси 30 аеродроми, вклучувајќи ги и аеродромите во Турција, Ерменија, Либан, Индонезија, Филипини, Непал, Бангладеш, Панама, Ел Салвадор и Перу. Обучувачите за ГАРД, логистички експерти на Де-Ха-Ел кои ги обезбедуваат услугите бесплатно, работат во тесна соработка со Обединетите нации.
„Нашите мисли се секогаш позитивни и природно не сакаме, ниту мислиме дека ќе се случат големи несреќи. Но, ваквите сценарија не се исклучени, без оглед дали станува збор за природни катастрофи или катастрофи предизвикани од човечки фактор. Затоа, обуката ГАРД, организирана од Де-Ха-Ел и УНДП, е од големо значење за нас и ние многу ја цениме нивната поддршка, како и добрата соработка, бидејќи крајната цел е подобра подготвеност на скопскиот аеродром за справување со последиците од катастрофи, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.
За време на програмата, аеродромскиот персонал, заедно со вработените од сите релевантни институции кои се дел од националниот систем за управување со кризи, вклучувајќи ги и Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Министерството за транспорт и врски, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст, ќе ја проценат способноста на аеродромите за справување со зголемениот обем на хуманитарна помош во случај на големи катастрофи, и ќе изработат наменски детален акционен план. Се очекува овој план да стане дел од националните планови за управување со несреќи и катастрофи.
„Задоволни сме што имаме можност да ја спроведеме нашата програма ГАРД заедно со македонските власти“, вели Кристоф Ерхарт, извршен потпретседател на Корпоративни комуникации и одговорност на Дојче Пост Де-Ха-Ел групацијата. „Од искуство научивме дека пост-кризните ситуации предизвикани од катастрофи се поврзани со специфични потреби и барања, особено во поглед на логистиката. Иницијативата ГАРД може да помогне аеродромите однапред да се подготват за ваквите логистички потреби, пред да настане катастрофата. Таа е важно дополнување на нашите редовни активности за подобрување на подготвеноста за справување со катастрофи.“
„Градењето отпорност на земјата кон природни и катастрофи предизвикани оф човечки фактор отсекогаш било во фокусот на активностите за УНДП“, изјави постојаниот координатор на ООН и постојан претставник на УНДП Луиза Винтон. „Од 2007 година наваму, во партнерство со централните и локалните власти во оваа област реализиравме проекти во вредност од 1,6 милиони американски долари. Оваа обука е уште еден чекор напред. Земјотресите и другите природни катаклизми не може да се избегнат, но подобрата подготвеност и насочените инвестиции може да обезбедат тие да не се претворат во катастрофи.“ /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

