Компании
Од идеја до бизнис со Seavus Incubator и Brainster
Имате идеја да започнете свој бизнис? Или можеби имате многу идеи меѓутоа не сте сигурни која од нив има потенцијал да прерасне во нешто големо? Не знаете кон што да се насочите и како да започнете за да ги реализирате вашите соништа? Тогаш Startup Bootcamp работилницата, која ќе се одржува од 10-ти до 12-ти јуни, е тоа што ви треба! Тука ќе ги научите сите неопходни и битни бизнис моменти и вештини со чија помош ќе успеете во креирањето на нов производ и негово лансирање на пазарот!
Во текот на оваа тридневна Bootcamp работилница ќе научите како да го искористите потенцијалот на MVP (Minimum Viable Product) и основните стартап алатки со цел најефективно да ја валидизирате вашата бизнис идеја.
Ќе се запознаете со основните маркетинг трикови за growth hacking и нивна правилна имплементација во маркетинг миксот. Откако ќе направите анализа на пазарот за да проверите дали истион има потреба од вашиот производ, ќе ви биде претставен начинот на изготвување бизнис модел со чија помош ќе успеете да ја материјализирате вашата идеја во профитабилен бизнис и тоа во најкус можен период.
Исто така, ќе бидете запознаени и со алтернативните начини на добивање финансиска помош, како на пример crowdfunding.
И, секако, ќе дознаете како да го мерите успехот на вашиот производ, односно кои метрики да ги користите за да имате прегледност и да знаете дали се движите во саканата насока.
За да се пријавите на овој значаен настан одете на следното поврзување.
Петок 10.06.2016
17:30-18:00 Која е твојата идеја? Интерактивна дискусија
18:00-20:00 MVP и lean startup концепти
20:00-21:00 Croudfudnig и Growth hacking – запознавање
21:00 Silicon Drinkabout
Сабота 11.06.2016
12:00-13:00 Business model canvas – разгледување на AiRBnB business canvas model
13:00-14:00 Business model canvas
14:00-14:30 Кафе-пауза
14:30-15:30 Маркетинг за стартапи; Growth hacking техники
15:30-16:30 Pitching
Недела 12.06.2016
11:00-13:00 Што претставува crowdfunding, case studies, успешни приказни, (клучни аспекти од домашни и интернационални кампањи)
13:00- 13:30 Кафе-пауза
13:30 Отворен разговор со претприемачите/крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

