Контакт

Компании

ОНЕ, Близу и Вип станаа само Вип, понудени нови пакети во мобилниот сектор и бесплатни меѓусебни разговори

Објавено пред

Телекомуникацискиот оператор оне.Вип објави дека од денес корисниците на поранешните брендови Вип, Оне и Близу, стануваат една голема заедница под брендот Вип.

dobivaj vesti na viber

Бесплатните разговори кои до сега корисниците на мобилните мрежи ги користеа во рамки на само Вип или ОНЕ мобилните тарифи, сега ќе можат да ги користат во рамки на големата Вип заедница од над 1,1 милион мобилни корисници. Во рамки на фиксните мрежи пак, бесплатните фиксни минути можат да се користат кон сите корисници на ОНЕ, Вип или Близу тарифните модели. При тоа, корисниците нема потреба да ја променуваат својата СИМ картичка, тие ги добиваат овие поволности со нивните постојни договори и тарифи.„Денес ги обединуваме нашите брендови и нашите корисници, денес сите сме Вип и кога зборуваме бесплатно, зборуваме со многу повеќе корисници од големата Вип заедница. Ги прошируваме придобивките на нашите корисници, ги обединуваме нашите места за контакт со корисниците и го унифицираме искуството на сите наши корисници и грижата за нив на наjвисоко ниво. Вип сега им нуди многу повеќе на своите корисници и за македонскиот пазар во целина. Наскоро корисниците може да очекуваат уште повеќе понуди и нови услуги од Вип“, изјави Никола Љушев, Извршен директор на оне.Вип. Исто така, од денес за корисниците е достапно и ново единствено тарифно портфолио во мобилната телефонија. Од денес за сите нови корисници и оние кои сакаат да го обноват својот договор достапни се 4 нови Vip Mobile тарифи S,M, L и XL, кои соодветствуваат на побарувањата на корисниците. Така, за корисниците кои имаат потреба од зголемен податочен сообраќај во рамки на Vip mobile L и XL, покрај неограничениот број минути и СМС пораки кон сите мрежи, во рамки на месечната претплата од 749 денари, односно 1299 денари, вклучени се и 3GB, односно 6GB брз 4Г интернет, соодветно на пакетот. За корисниците, се достапни и Vip Mobile S, каде за месечна претплата од 449 денари, корисниците добиваат неограничени разговори кон големата Вип заедница од над 1,1 милион корисници, вклучени минути кон сите мрежи и 4Г интернет и  Vip Mobile М со месечна претплата од 549 денари со повеќе минути кон сите мрежи и 4Г интернет. Во сите тарифни модели има вклучено 4Г ЛТЕ сообраќај, по завршувањето на вклучениот интернет корисниците можат да продолжат да користат 4Г ЛТЕ по цена од 39 денари за 200 MB. Со тоа што сите корисници се во рамки на Вип заедница, од сега ќе имаат поедноставна и полесна комуникација преку единствен број на контакт центарот 077 1234 и преку една веб страница за сите кориснички потреби и информации www.vip.mk . Сите корисници ќе можат да ги добијат сите услуги во мобилна, фиксна телефонија, како и конвергентната понуда во сите продажни места – Вип продажни места, а сите припејд корисници ќе можат да ги надополнат нивните сметки на сите места означени со Вип. Сметките исто така ќе бидат означени со Вип.„Ни претставува огромно задоволство што денес го редефинираме нашиот бренд Вип и силно го поддржуваме исполнувањето на стратегијата за конвергенција на Телеком Австрија Групацијата на македонскиот пазар. Ветивме дека ќе донесеме повеќе вредност и повеќе придобивки за корисниците во Македонија и ги исполнуваме нашите ветувања. Денес го продолжуваме она што го започнавме на крајот на минатата година и убедени сме дека нашите следни активности и инвестиции ќе им донесат повеќе на нашите корисници – повеќе услуги, најдобро корисничко искуство, мрежи со најдобар квалитет, најдобра понуда и многу повеќе. Нашите тимови работат напорно за да им го овозможат најдоброто на корисниците и ќе продолжиме со истото темпо“, изјави Јиржи Дворјанчански, Главен извршен директор на Кластерот Хрватска и Македонија на Телеком Австрија Групацијата.Оваа интеграција на комерцијално ниво е подготвена во исклучително кус рок, при што голем тим на експерти работеше напорно за да ги соедини сите системи на страна на операторот и да овозможи непрекинато корисничко искуство. Паралелно на ова, оне.Вип работи на изградба на нова мобилна мрежа и до сега се завршени регионите на Скопје, Крива Паланка, Куманово, Кратово, Охрид и Струга. Во моментот се работи регионот на Повардарието, а до крајот на годината сите урбани делови на Македонија ќе добијат нова мобилна мрежа. Новата мобилна мрежа на сите корисници на Вип ќе им обезбеди значително поголем капацитет за  користење на 3G технологијата, покриеност на целата територија на земјата и достапност на 4G LTE низ цела Македонија и сето тоа за да обезбеди најдобро корисничко искуство и да ги обезбеди најновите светски технолошки достигнувања во мобилниот сегмент. Истовремено, компанијата е фокусирана и кон целосна модернизација и проширување на фиксната мрежна инфраструктура, со цел создавање на конвергентен оператор со можност да понуди најдобри конвергентни сервиси. Новата кабловска HFC технологија на Вип ќе понуди 2,5 пати поголеми брзини, со до 300 Mbp/s и се очекува до крајот на годината да биде достапна за најголемиот дел од домаќинствата каде Вип има кабелска покриеност во Македонија. Овие инфраструктурни проекти се комплексни и по однос на временска рамка и по однос на инвестиции, при што само во првиот квартал за 2016 година компанијата има инвестирано над 6,4 милиони евра. Компанијата планира да го зголемува својот инвестициски капацитет и понатаму оваа година и до крајот на 2016 година да инвестира повеќе од 30 милиони евра со цел да обезбеди најквалитетни мрежи за корисниците во Македонија. Компанијата најави дека во блиска иднина Вип ќе подготви уште повеќе посебни понуди и придобивка за сите корисници. /крај/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid

Објавено пред

Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.

dobivaj vesti na viber

Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:

Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €

Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.

Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.

Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина

Објавено пред

Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.

dobivaj vesti na viber

Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.

Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.

Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.

Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park

Објавено пред

Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.

dobivaj vesti na viber

Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.

Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.

Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.

СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:

Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен

Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела

Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.

Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!

Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ7 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија7 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија8 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија9 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија9 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион10 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија11 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија11 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет11 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет12 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа12 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет12 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет13 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа13 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион22 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија23 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...