Компании
Оне.Вип со повеќе корисници, Телеком со поголеми приходи и добивка
Новата компанија оне.Вип, која во петокот стартуваше со работа, прерасна во најголем оператор според бројот на корисници, но Македонски Телеком останува доминантен на пазарот според вкупните приходи и остварената добивка.
Ова во петокот на прес конференција го изјави Никола Љушев, истакнувајќи дека оне.Вип има број на околу 1,3 милиони корисници, што е 53 отсто од пазарниот удел, додека Телеком според остарената добивка зазема над 50 отсто од уделот, а според вкупните приходи 70 отсто.
Љушев најавите дека новата компанија, која е формирана со спојување на Оне и Вип, ќе се обиде со конкурентни понуди да му се приближи на доминатниот оператор во поглед на приходите и добивката, а од друга страна ќе ја брани корисничката база и ќе се бори за секој нов корисник.
Првиот човек на новата компанија не очекува да дојде до зголемување на цените откако на пазарот останаа само два мобилни оператори и смета дека двата оператори ќе се обидат со конкурентни понуди да дојдат до што поголем број корисници.
Договорите за работа на неопределено време на над 900 лица од Оне и Вип се преземени од страна на новата компанија.
Раководството најавува дека во рок од една година нема да има промена на бројот на вработените, по што ќе уследи реструктуирање во одредени сегменти на работењето, но ќе има и зголемување на вработените во сегментите кои работат директно со корисниците.
Љушев избегна прецизно да одговори дали компанијата веќе сега има одредени анализи колку од вработените би биле вишок по една година и дипломатски одговори дека тоа ќе зависи од тоа со колкав успех ќе работи новата компанија.
„Во оваа фаза на интеграција секој човек ни е добредојден, особено што ќе треба да се префлриме на една мрежа од две засебни мрежи. По извесно време сигурно е дека ќе има реструктуирање, но во одредени сегменти ќе има потреба и од доекипирање“, рече Љушев.
Во периодот до целосна интеграција на сите оперативни и технички системи што се очекува да се комплетира до крајот на 2016-та година, оне.Вип ќе продолжи да функционира преку две засебни постојни мрежи, системи за наплата, тарифни портфолија и продажни места на Вип и Оне.
Ова значи дека корисниците и понатаму ќе ги задржат своите постојни договори и ќе продолжат да ги добиваат услугите, под истите услови, квалитет и цени, како и досега.
„Започнува нова етапа во развојот на телекомуникацискиот сектор, што за нас е дополнителен предизвик. Следува период на целосна интеграција што ќе генерира нов, дополнителен квалитет за корисниците и понатамошен развој на пазарот. На крајот на тој процес, новата компанија ќе биде подготвена да ги нуди сите најсовремени комуникациски услуги на едно место, со најдобар квалитет и најдобро севкупно корисничко искуство. Ќе понудиме нови производи, услуги и нова содржина, задржувајќи го фокусот кон потребите на корисниците. Истовремено ќе бидеме оние што ќе ја стимулираат конкуренција, кои ќе инвестираат во инфраструктура, иновации и технологија со што ќе придонесеме и за вкупниот развој на македонската економија“, истакна Љушев.
Тој појасни дека телекомуникацискиот сектор е еден од најдинамичните во светски рамки и е подложен на исклучително брзо промени. Малите играчи сѐ потешко може да ги следат ваквите трендови поради што е нужно да дојде до нивно спојување со цел да може да ги зголемат инвесициите.
Со спојувањето, новата компанија ќе има поголем капацитет за инвестирање во сите телекомуникациски сегменти, што ќе овозможи збогатување на понудата со најновите светски технолошки достигнувања, понатамошно унапредување на квалитетот и развој на иновативни услуги базирани на најнапредни технологии во фиксниот и мобилниот домен, креирајќи го најдоброто портфолио на конвергентни фиксни-мобилни комуникациски услуги за корисниците во Македонија. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

