Компании
Орка холдинг и Аџибадем ги купија јапонските болници „Токуда“ во Бугарија
„Орка Холдинг“, преку Клиничката болница „Аџибадем Систина“, заедно со турскиот здравствен гигант „Аџибадем“, во четврток, потпиша договор за купување на најголемата приватна здравствена установа во Бугарија, јапонската болница „Токуда“, заедно со нејзините подружници („Токуда Груп“).
Двата партнери потпишаа и договор за спојување со „Сити Клиник“, вториот здравствен оператор во Бугарија, со три болници и три амбулантски центар. Преку трансакцијата „Токуда“, компаниите ги презедоа 100 отсто од акциите на „Токуда Груп“, додека трансакцијата „Сити Клиник“ е комбинација од преземање на речиси една третина од уделите на постојните акционери, и промена на акциите на оперативите партнери во новиот комбиниран ентитет. По трансакцијата, 76,5 отсто од акциите на новоформираниот холдинг (SPV) припаѓаат на „Аџибадем“ и „Орка Холдинг“ (преку „Аџибадем Систина“), а 23,5 отсто на акционерите на „Сити Клиник“. Вредноста на трансакцијата и на новонастанатата компанија е 125 милиони евра. „Сити Клиник“, основана во 2010 година, е еден од водечките висококвалитетни даватели на интегрирани здравствени услуги во Бугарија, која делува во Софија, Варна и Бургас. Раководи со три болници и три амбулантски центри, меѓу кои единствената болница во Бугарија со акредитација од страна на Меѓународната комисија за акредитација (JCI). По отворањето на новиот канцер центар, „Сити Клиник“ доминира на пазарот за кардиоваскуларна нега и нега за канцер во земјата. Софиската болница на „Сити Клиник“ е универзитетска клиника на две од водечките медицински училишта во земјата, каде се комбинираат висококвалитетните клинички услуги, образование и истражување.„Со постојана заложба за квалитетно и модерно здравство ги подигнавме стандардите за здравствена грижа во Македонија. Следејќи ги светските достигнувања и трендови во обезбедување на најсовремена грижа за пациентите, ќе продолжиме да бидеме синоним за најдобра клиничка болница во Македонија, а од денес без сомнение, ќе се залагаме за постигнување на тие достигнувања и во Р. Бугарија“, изјави генералниот директор на „Орка Холдинг“,Јордан Камчев. Тој исто така најави дека во стратегијата на „Аџибадем“ и „Орка Холдинг“ во рок од две години се планира отворање на четири болници во земјите на Балканот. Двете трансакции ќе доведат до создавање на најголемиот приватен провајдер на здравствена заштита во Бугарија и една од водечките здравствени институции во Централна и Источна Европа. Тоа ќе ги зајакне глобалниот бренд на „Аџибадем“, клиничката и оперативна совршеност и know-how, позициите на пазарот на „Токуда и „Сити Клиник“, високо-квалитетните услуги и угледот. Оваа комбинирана, интегрирана здравствена групација ќе работи под името „Аџибадем Сити Клиник“, со г-дин Мехмет Али Ајдинлар на позицијата претседател на УО и Илиан Григоров како Главен извршен директор.„Трансакцијата е во согласност со Стратегијата на Аџибадем за фокусирање на клучните брзорастечки економии во Централна и Источна Европа и Балканскиот регион. Аџибадем ја согледа потребата за квалификувани и висок-технолошки здравствени услуги во Бугарија и за таа цел ја реализира оваа важна трансакција. Со оглед на глобално-признатиот бренд Аџибадем, добро дизајнираните клинички процеси, софистицираното управување и оперативните пристапи, преку овие 4 болници, Бугарија ќе биде земја која ќе овозможува првокласни и светски здравствени услуги, со што ќе стане центар на внимание во регионот”, рече Мехмет Али Ајдинлар, претседател и главен извршен директор на „Аџибадем“.Трансакцијата на глобално ниво ги зголемува леглата на „Аџибадем“ на повеќе од 3.500 во 22 болници во три земји. Во очекување на потребните одобренија и задоволување на одредени услови, договорот се очекува да се затвори во рок од три месеци./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

