Компании
Отворен новиот Парк Хотел и Спа-Скопје
Парк Хотел и Спа-Скопје е најновата инвестиција на домашната компанија Гемак трејд која годинава одбележува 25 години од своето основање и успешно работење во Македонија и регионот.
Вкупната инвестиција во изградба на хотелот и хотелскиот комплекс изнесува околу 15 милиони евра. Хотелот е лоциран во градскиот парк во Скопје, до брегот на реката Вардар, со што на посетителите им овозможува да бидат опкружени во природна средина, а сепак да се блиску до центарот на градот.Новиот Парк Хотел и Спа-Скопје располага со 80 луксузно уредени соби, кои се опремени со уникатни содржини. Неговиот урбан и уметнички ентериер кои зрачи со автентичен дух и нуди неповторлив амбиент за дружење и престој. „Уникатноста и смелоста е наша препознатливост и тоа е нешто што веднаш ќе го забележите во хотелот. Горди сме на Парк Хотел и Спа бидејќи преку него воспоставуваме нови повисоки стандарди во хотелиерството, што ќе потикнат развој во овој сегмент во Македонија. Токму затоа одлучивме да градиме сопствен хотелски бренд наместо да одиме по полесниот пат и да работиме под името на некој од светските хотелски брендови“, истакна Алтин Малиќи, сопственик на Парк Хотел и Спа. Покрај врвниот луксузен амбиент, за гостите на Парк Хотел и Спа ќе се грижи искусна екипа предводена од директорот на хотелот Џордано Бори, кој има огромно хотелиерско искуство во супер луксузни хотели во светот. „Меѓународното искуство во спој со уникатен простор како што е Парк Хотел и СПа – Скопје ќе резултира со врвна услуга, неповторливо чувство и најдобра храна. Накратко, уживање за сите сетила за сите кои сакаат посебен третман. Сето мое досегашно искуство од работењето во бизнисот на луксузни хотели во светот овде ќе добие автентичен дух за кој ќе се зборува“, истакна Бори. Хотелот освен својот уникатен лукузен изглед и можностите што ги нуди за сите гости, располага и со најмодерен спа центар и фитнес сала. Токму фитнес центарот кој е во моментот најголем и располага со најнова опрема, заедно со спа центарот и барот се содржини што ќе го направат Парк Хотел и Спа посакувано место и за луѓето од Скопје. Со фитнес центарот ќе раководи познатиот македонски репрезентативец и шампион во триатлон Стојан Попов, кој ќе биде инструктор на сите љубители на здравиот живот. За врвната храна за сите сетила, ќе се погрижи еден од најдобрите светски готвачи, мастер шефот Константин Катафај кој поминал повеќе светски школи за готвење, меѓу кои и познатата Лондонска школа за кулинарство. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

