Компании
Отворен повик за претприемачи и компании во бизнис комплексот КоСид
Македонските компании од почетокот на мај добија можност да станат дел од семејството на КоСид и да го развијат својот бизнис во вистински иновативен и претприемачки амбиент.
Новиот бизнис комплекс КоСид го објави повикот за станари и започна со регрутирање на компаниите кои се заинтересирани да станат дел од оваа заедница.
Бизнис комплексот КоСид претставува нов, целосен екосистем за бизнис и претприемништво во Република Македонија. КоСид е дизајниран да ја поттикне, едуцира и да ја подобри деловната продуктивност и развојот на компаниите како на локално така и на регионално ниво. Oвој центар претставува и платформа за креирање и промовирање на нови работни места како и за иновативна и истражувачка, социјална и економска одржливост на истите.
КоСид е креиран од претприемачи за претприемачи и ќе понуди услуги за сите компании, без разлика на нивната развојна фаза. Од почетници со иновативни идеи до етаблирани претприемачи, од искусни претприемачи (тие кои се обиделе, но не успеале) до брзорастечки компании; од виртуелни бизниси до мултинационални корпорации, сите ќе можат да го најдат вистинскиот “простор” и поддршка за да напредуваат и да бидат успешни.
Бизнис комплексот работи со резидентни и виртуелни станари на кои им нуди можност за користење на заедничките простории и опрема, капацитети за истражување и развој, директна деловна помош, менторство, вмрежување, пристап до финансии и поврзување со нови пазари.
Покрај деловниот простор по пристапни цени, на своите станари КоСид ќе им обезбеди и широка палета на деловни услуги и сервиси, во зависност од карактеристиките на компанијата и територијата, на која што истата работи.
Сервисните услуги и програми на КоСид се дизајнирани да ја зголемат продуктивноста и успехот на компаниите станари, и да ги издигнат на ниво, до кое тешко би стигнале доколку работат самостојно. Широката палета на услуги со „додадена вредност” е пресудниот фактор кој ќе му помогне на КоСид успешно да ги лансира „дипломираните компании” во реалниот деловен свет и да им овозможи тие да и возвратат на заедницата со напредок на економијата и креирање на нови работни места.
Ги покануваме сите заинтересирани компании кои сакаат да станат дел од нашата заедница, да ја пополнат формата за апликација, која ќе ни овозможи да го разбереме вашиот потенцијал и рамките на вашето деловно работење. За повеќе информации во врска со програмата на бизнис комплексот јавете се на + 389 (0) 72 752 460 или пишете ни на нашата е-пошта [email protected], се вели во соопштението
КоСид е заедничка инвестиција на Seavus® и MADI Group® создадена со цел промовирање стимулирање и развој на претприемништво, поттикнување на иновации, развој на партнерства и подобрен пристап до финансиски средства.
Seavus® е компанија за развој на софтвер и консалтинг услуги со докажано искуство во успешни бизнис софтверски решенија. Компанијата брои преку 600 ИТ специјалисти ширум светот и нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи го европскиот и американскиот пазар преку неколку канцеларии и претставништва во светот.
MADI Group®, чиј основач е Мади Шарма, e меѓународна групација на приватни компании, социјални претпријатија, како и меѓународна глобална мрежа на независни и непрофитни организации МАДИ Центри. Филозофијата на групацијата е креирање на иновативни идеи прилагодени за локални активности кои имаат глобално влијание и придонесуваат кон одржливо општество. /крај/мф/бк
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

