Компании
Отворен Технома 2016 – можност за запознавање со најновите иновации и технолошки достигнувања
Меѓународниот саем ТЕХНОМА 2016 во вторник беше свечено отворен за посетителите, кои до 22 октомври ќе можат да се запознаат со најновите иновации и технолошки достигнувања.
„Да се учествува на саем значи да се биде секогаш чекор напред на пазарот и постојано прилагодување на условите на пазарот и на иновациските циклуси во индустријата, “, рече на отворањето Даниела Глигоровска, извршен директор на Скопски саем.За „Техноинвент“, настан во рамки на Технома, говореше јасмина Поповска, директорка на Фондот за иновации и технолошки развој, која рече дека Фондот сака да ги охрабри сите оние што имаат добра идеја да започнат бизнис или да основаат старт ап компанија.„Не секогаш е потребна само финансиска помош, која што ја нуди Фондот, туку и мотивација да видат успешни примери во старт ап авенијата и на планираните работилници и конференција. Се надевам дека овие приказни на успешни претприемачи ќе ги мотивираат да се охрабрат и да влезат во водите на бизнис секторот. Оние, пак, кои веќе почнале и воведуваат иновативни решенија сакаме да ги поддржиме и да им помогнеме да обезбедат полесен раст на сопствениот бизнис“, рече Поповска.Фондот за иновации до сега има поддржано 33 компании со 1,3 милиони евра, а во тек е доделување нова транша од 450 илјади евра.„Клучот за економски развој на земјава е во развојот на приватниот сектор, така што тој ќе биде во состојба да искреира производи и услуги кои ќе бидат конкурентни на глобалниот пазар. За да се постигне тоа, Владата на Република Македонија е насочена кон креирање на поволно деловно окружување кое ќе ја поттикне иновативноста на домашните компании, а воедно ќе го поддржи и внесот на нови технологии преку влезот на странски инвестиции“, рече министерот за финансии Кирил Миновски.Свое обраќање имаше и амбасадорот на Република Унгарија во Македонија, Ласло Иштван Дукс кој рече дека присуството на повеќе унгарски фирми на саемот е можност да се зајакне економската соработка меѓу двете држави.Цената на влезницата изнесува 90 денари, а организаторите очекуваат посета од 25.000 посетители. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

