Компании
Отворена втората експозитура на Шпаркасе Банка Македонија во населбата Аеродром
Во понеделникот во 12 часот официјално беше отворена 27-та експозитура на Шпаркасе Банка Македонија во скопската населба Аеродром, која е втора експозитура во тој реон.
„Најголемиот приоритет на Шпаркасе Банка е навремена и квалитетна грижа за своите клиенти. Покрај квалитетот на услугите, ние како банка се грижиме и за достапноста на услугите што им ги нудиме на нашите клиенти, затоа што веруваме дека тоа е од големо значење за секој поединец. Потребата да се отвори уште една експозитура во населба Аеродром е само показател дека како банка успеваме да ја реализираме целта за што повеќе задоволни корисници, кои се дел од семејството на Шпаркасе“, рече директорката за управување со физички лица на Шпаркасе Банка, Викторија Јовановска.
На отворањето кое започна со официјално обраќање на претставниците на Шпаркасе Банка Македонија, беа присутни и многубројни гости и клиенти на Банката од општината Аеродром, по што следуваше и забавен дел за најмладите во друштво на популарните Медо Штедо и неговата другарка Медена.
Програмата продолжува во 18 часот, со забава за повозрасните, кои ќе имаат можност да уживаат во настапот на музички бенд што ќе се погрижи за создавање топла празнична атмосфера за жителите на општината Аеродром.
Дел од стратегијата на Шпаркасе Банка е доближување до своите корисници преку проширување на својата мрежа и отворање што повеќе експозитури, со цел услугите и продуктите да бидат подостапни за што повеќе граѓани. Новата експозитура е модерно опремена, по најнови стандарди и на своите клиенти им нуди поголема достапност, квалитет и навремено исполнување на најразличните барања и потреби.
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Шпаркасе и Ерсте Групацијата, која се состои од 47 штедни банки и која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти.
Шпаркасе Банка Македонија зaедно со другите банки-ќерки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора, е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот. Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со својата билансна сума од 14,4 билиони евра, 6.200 вработени, 500 експозитури и регионални центри и 14.000 банкомати опслужува околу 2,4 милиони клиенти во Југоисточна Европа./крај/мф/би
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

