Компании
Ова се тројцатa трејдери кои најмногу заработиле во историјата на Forex
На крајот на текстот се наоѓа апсолутниот победник на нашата листа кога е во прашање најголемата заработка на Forex.
Пред да започнеме со листата, ајде да видиме што претставува Forex.Forex е скратеница од FOReign EXchange и претставува девизен пазар со обем на тргување од 5,5 билиони долари дневно. Forex е најголем и најликвиден пазар на светот, отворен 24 часа дневно, 5 дена во неделата, на која поединците и компаниите тргуваат со валути и заработуваат на разлика во курсевите. Forex е атрактивен поради ’моќта’ (leverage) која нуди на пример со 100 евра, да можете да управувате со капитал од 20.000 евра, а со тоа потенцијалната заработувачка драстично се зголемува, додека пак Вие ризикувате само 100 евра.Регистрирајте овде бесплатна ДЕМО сметка со почетни 100.000 евра и пробајте го тргувањето на Forex без ризик.Да започнеме по ред, од 3. до 1. место:БРОЈ 3: Ендрју Кригер Ендрју дипломираше на Универзитетот во Пенсилванија и стана нашироко познат кога ја продаде новозеландската валута позната како Киви во вредност меѓу 600 милиони и милјарда долари, што ја надмина количината на пари во оптек во Нов Зеланд во тоа време. Од тие трансакции, Ендрју излезе со заработка од околу 300 милиони долари. Тој, исто така, се занимава со хуманитарна работа, а во 2004 година донираше над 350 илјади долари за жртвите од цунами.БРОЈ 2: Бил ЛипшуцРоден во Њујорк, Бил отсекогаш бил добар математичар и примерен студент. Во 1982 година добил магистерска диплома по финансии а покрај студиите читал се што можел да пронајде во врска со берзанското тргување и со Forex. Се зборува дека во текот на студирањето вложил 12 илјади долари во акции и за само неколку месеци заработил над 250 илјади долари. Меѓутоа, ги изгубил сите пари поради високоризично тргување со акции, и затоа се префрлил на постабилен вид на тргување Forex.Денес Бил е познат по тоа што како Forex трејдер има заработено преку 300 милиони долари за само една година.БРОЈ 1; Џорџ СоросЏорџ Сорос има завршено во Лондонската школа за економија и го има поставено апсолутниот рекорд во финансиската индустрија. Има заработено милијарда за само еден ден низ една трансакција, тргувајќи со британската фунта. Има напишано голем број стаи и книги за инвестирање, а исто така се занимава и со хуманитарна работа, каде во доброволни цели има донирано преку 7 милијарди долари.Тоа се тие најуспешните трејдери, а сега дознајте Вие каков Forex трејдер би биле и колку би можеле да заработите тргувајќи на бесплатната FXLider демо сметка со фиктивни 100 илјади евра, но под реални услови моментално на Forex пазарот.Регистрирајте бесплатна ДЕМО сметка на линкот овде и пробајте го Forex тргувањето.FXLider има соработка со Fortrade Limited – компанија авторизирана и регулирана во Обединетото кралство и од страна на FCA (Financial Conduct Authority) под број на лиценца 609970.Предупредување од ризик и одрекнување од одговорностДоговорите за разликата во цената (CFD) ги претставуваат производите кои се потпираат на финансискиот левериџ и носат високо ниво на ризик за Вашиот капитал затоа што цените можат брзо да постанат неповолни за Вас. Загубите можат да ги надминат Вашите депозити и од Вас би можело да се бара да извршите дополнителни плаќања. Овие производи можеби нема да бидат соодветни за сите клиенти и заради тоа морате да бидете сигурни да сте ги разбрале ризиците, а и да побарате независен совет. Овој материјал не претставува понуда, барање ни трансакција во поглед на било кој финансиски инструмент. FXLider не прифаќа никаква одговорност за било каква употреба на овие коментари ниту за последиците кои од тоа можат да проистекнат. Не се дава никакво уверување ниту гаранција за точноста или потполноста на овие податоци. Како резултат на тоа, секое лице кое ќе постапи спрема нив, тоа го прави потполно на сопствен ризик./крај/мф/би
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)
Економија
Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година
Извозот на македонски производи во 2025 година преку продажната мрежа на Лидл достигна 15,5 милиони евра, што е јасен показател за извозниот потенцијал на домашните производи и можноста за пласман на европските пазари што ја нуди Лидл. Ова претставува огромен раст, во споредба со 5 милиони евра извоз во 2024 година и 570 илјади евра во 2023 година.
Странските пазари најголем интерес покажаа за трпезното грозје, од кое беа реализирани приходи од 3,3 милиони евра, а имаше најголем пласман во Полска. Одлични резултати имаше и од извозот на јагнешко месо во Бугарија, чија продажба донесе прилив од 2,2 милиони евра.
Дека свежото овошје и зеленчук се еден од домашните извозни адути покажа податокот според кој од вкупниот износ од 15,5 милиони евра, во минатата година беше реализиран извоз од 5 милиони евра. Преку мрежата на Лидл се извезени 15 вида од овие земјоделски култури, од преку десет добавувачи. Петте најизвезувани производи беа грозје, зелка, пиперка, моркови и домати, кои одлично поминаа во Бугарија, Германија, Романија, Полска, Словачка, Србија, Чешка и други земји. Во рамки на редовниот извоз од 7 милиони евра доминираа конзервираните производи, со остварени продажби во странство од 5,8 милиони евра, по што следуваат кондиторските, млечните производи, како и виното и пијалаците.
„Постои голем потенцијал за извоз на македонските производи. За нас во Лидл е успех што можеме да ги поддржиме и да бидеме мост за македонските производи кон европските пазари. Постојано соработуваме со производители од земјава и сме особено горди што на десетици компании можеме да им помогнеме во процесите на сертификација, зголемување и унапредување на капацитетите за производство и да овозможиме извоз на европските пазари“ изјави Стефан Георгиев, комерцијален директор на Лидл Северна Македонија.
Преку иницијативата „Македонска недела“, Лидл во претходните две години организираше 22 промоции во маркетите во Бугарија, Словенија, Србија и Хрватска, со понуда на над 70 македонски производи од 17 добавувачи и над 2.200 палети производи, правејќи ги многу повидливи и препознатливи за странските потрошувачи.
Лидл се позиционира како сериозен и значаен партнер на македонската економија, со мерливи резултати во извозот на домашни производи и конкретна поддршка на домашните компании. Со отворањето на маркети низ целата земја компанијата очекува зајакната соработка со домашните производители, со цел на потрошувачите да им понуди широк спектар на квалитетни производи по пристапни цени.
(ПР)

