Компании
Педесетина млaди програмери на Хакатон натпреварот
На „Ден на отворени податоци“ (Open data Hackathon) натпреварот во организација на Microsoft и SEDC педесетина млади програмери ќе изработат апликации за користење на податоци од јавните институции, или ќе побараат од државата да отвори одредени податоци кои би се искористиле во нивните апликации.
На „Ден на отворени податоци“ (Open data Hackathon) натпреварот во организација на Microsoft и SEDC педесетина млади програмери ќе изработат апликации за користење на податоци од јавните институции, или ќе побараат од државата да отвори одредени податоци кои би се искористиле во нивните апликации.
Напреварот трае од 3 до 22 јуни, а на крај ќе се селектираат апликации кои нема да се употребливи само во Македонија, туку ќе може слободно да се употребуваат и надвор од земјава.
„Целта на натпреварот е да креира апликации со користење владини податоци, но и да пренесе знаење и интерес од невладини организации, бизнисите, универзитетите за тоа кои други податоци може да бидат од интерес. Покрај најдобра апликација на натпреварот ќе препознаеме и најдобра идеја за апликација која ќе се базира на податоци кои моментно не се на располагање, но се надевам дека во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација ќе успееме да ги ставиме на располагање. Целта на натпреварот е да селектира апликации кои нема да бидат употребливи само во Македонија. Тука ја гледаме улогата на Мајкрософт како меѓународна компанија и сакаме тие апликации и знаења да ги споредиме со колегите надвор од Македонија бидејќи веруваме дека има знаење и иновативни идеи кои се од интерес на нашите колеги и корисници ширум светот“, вели Стеван Плавјански, извршен директор на Мајкрософт Македонија.
Според министерот за информатичко општество и јавна администрација, Иво Ивановски, Македонија, уште еднаш покажала дека е лидер во регионот со отворањето на 154-те бази со податоци.
„Се покажува дека Македонија со својата транспарентност претставува пример и за голем број западни развиени држави, како да се отворат податоците за да се стигне до повисока економска цел“, вели Ивановски.
Тој посочи дека граѓаните ќе можат да ги користат апликаците што ќе се креираат на натпреварот.
„Статистиката покажува дека најмногу преземања има на адресарот за детски градинки, 265 пати, потоа влез и излез на патници, по што следат лиценците што ги издаваат министерствата за економија и за екологија. Една од успешните апликации е „Мојот чист воздух“ која беше доста актуелна во зимскиот период“, појасни Ивановски.
Според него, сето тоа докажува дека Македонија има и човечки потенцијал за иновации, а со транспарентноста и со отворањето на овие податоци може да се направат нови апликации кои ќе придонесат за развој на информатичкото општество.
На првиот ден од натпреварот, што се одржува во Seavus еducation and development center(SEDC) ќе има презентација и предавања за можностите и пристапот до отворените податоци. /крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

