Компании
Пивара Скопје и Coca-Cola обезбедија 100.000 евра за погодените од поплавите
Пивара Скопје и Компанијата Coca-Cola донираат 100.000 евра, вода и волонтерска помош, поддржувајќи го Црвениот крст на Република Македонија, Град Скопје, Општина Гази Баба и други релевантни институции во намалување на последиците од катастрофалните поплави во Скопје.
Во тесна координација со Црвен крст на Република Македонија, Пивара Скопје донира по еден камион пакувана вода дневно од почетокот на поплавата, која се дистрибуира до населението во најпогодените населби. Дополнитело, Пивара Скопје и Компанијата Coca-Cola обезбедија парични средства во висина од 100.000 евра кои се ставени на располагање на Црвениот крст на Македонија и на Управниот комитет за справување со кризи со цел да бидат искористени за приоритетните потреби на населението и овозможуваат логистичка поддршка во справувањето со последиците од поплавите.„Трагичните поседици од оваа катастрофална поплава длабоко нѐ трогнаа сите во Пивара Скопје и Компанијата Coca-Cola. Нашата првична реакција беше да се обратиме до нашите долгорочни партнери во Црвен крст и да понудиме помош за оние на кои им е најпотребна во подрачјата најмногу погодени од оваа природна катастрофа. Тие се наши вработени, соседи, пријатели и сограѓани. Пивара Скопје е интегрален дел од заедницата повеќе од девет децени и сметаме дека е природно да ги мобилизираме нашите сили за да придонесеме во напорот за помагање во ваква состојба преку производи, логистика, волонтерска работа и финансиска поддршка“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ при посетата на пунктот на Црвен крст во „Момин поток“.Заради обезбедување ефикасна помош на погоденото население, Пивара Скопје обезбедува и соодветна логистичка поддршка и транспорт на пакувана вода од првиот ден по поплавите. Повеќе од 70 вработени од компанијата се ангажирани на волонтерска основа во пунктот на Црвениот крст, каде ги подготвуваат прехранбените пакети за погодените семејства и го поддржуваат Црвениот крст со други активности. „Со издвоените финансиски средства, донацијата на пакувана вода, волонтерската работа и обезбедената логистичка поддршка, Пивара Скопје, Компанијата Coca-Cola и нивните вработени уште еднаш на дело ја покажаа својата грижа за заедницата и за луѓето и тоа во моментите кога таа е најпотребна. Ставајќи ги на располагање човечките и компаниските ресурси тие покажаа висока општествено одговорна свест и докажаа дека се вистински партнер на заедницата и на Црвениот крст, на кој ние можеме секогаш да сметаме и за што сме им благодарни“, изјави генералниот секретар на Црвен крст на Македонија, Саит Саити. И во наредните денови, Пивара Скопје и Компанијата Coca-Cola остануваат подготвени и посветени да ѝ помогнат на државата и на Црвениот крст на Република Македонија во справувањето со последиците од поплавите./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

