Компании
Пивара Скопје ќе им помага на младите да се вработат или да почнат сопствен бизнис
Пивара Скопје и Агенцијата за вработување во понеделник потпишаа договор за реализација на бесплатна обука за стекнување знаења и вештини којашто ќе им помогне на младите невработени лица полесно да ги надминат пречките при вработување или ќе ги охрабрат да започнат свој бизнис.
Оваа година предвидено е обуката да ја поминат над 100 млади невработени, а плановите се во наредните пет години нивната бројка да надмине 5.400 лица.„Преку проектот ,Вештини за успех’ сакаме да ги мотивираме и охрабриме младите да ја земат иднината во свои раце, со тоа што ќе им овозможиме да стекнат вештини кои ќе им помогнат полесно да се вработат или да почнат сопствен бизнис. Горди сме што на ваков начин отвораме нови перспективи за младите, придонесуваме за зголемување на вработувањето и за натамошен развој на претприемничката култура во земјата“, истакна генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ.Целокупните трошоци за реализација на обуката ги покрива Пивара Скопје, со што се овозможува тие да бидат целосно бесплатни за учесниците. Задачата на партнерот во овој проект – Агенцијата за вработување беше да помогне во процесот на одредување на кандидатите на кои најмногу им е потребна ваков вид обука, при што предност имаа младите од социјално ранливите категории.„Овој проект одлично се вклопува во мерките и напорите на надлежните држaвни институции и Владата за натамошно намалување на невработеноста, особено кај младите. Сметам дека досегашните резултати на овој едукативен центар и добро дизајнираната програма за обука се доволна гаранција дека ќе се постигнат посакуваните ефекти. Затоа ние како институција веруваме во овој проект и го поддржуваме“, изјави директорката на Центарот за вработување на Град Скопје, Слободанка Алексовска.Оваа обука е всушност екстензија на долгорочната програма за развој на младите што се реализира во Едукативниот центар на Пивара Скопје уште од 1997-ма година.„Преку обуките младите ги унапредуваат своите комуникациски вештини, стекнуваат знаења од областа на финансиите и деловното работење, за креирање и водење на развојни планови и проекти, за ефикасно водење преговори и продажба, како и за ефективна организација, управување со времето и воспоставување врски со релевантни ментори. Покрај менаџерите во Пивара Скопје, како предавачи на обуките се вклучени и други водечки претставници од бизнисот, експерти од академската заедница, од јавните институции, како и од реномирани меѓународни организации“, објаснува Зоран Костовски од компанијата за деловна едукација „Мотива“, која од самите почетоци е партнер на Едукативниот центар на Пивара Скопје.Во изминатите 19 години, програмата на Едукативниот центар на Пивара Скопје ја поминале повеќе од 3.800 млади од кои голем дел биле невработени или на почетокот на својата кариера. На повеќе од 80% од учесниците оваа програма им помогнала да најдат работа, а околу 4% од нив ги охрабрила да започнат сопствен бизнис. За евидентните резултати и својот општествен придонес Едукативниот центар на Пивара Скопје ја доби „Националната награда за општествено одговорни практики“ за 2011-та година, во категоријата „Вложување во заедницата“. Центарот е член на Европскиот совет за деловна едукација со седиште во Женева, Швајцарија. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

