Компании
Пивара Скопје се вклучи кон одбележувањето на Светскиот ден на одговорна консумација на пиво
Пивара Скопје и оваа година се приклучи кон одбележувањето на Светскиот ден на одговорна консумација на пиво – 16 септември.
Иницијативата за ваков ден на кој на глобално ниво се нагласуваат напорите и континуираните активности за промоција на одговорната консумација на алкохол, ја дадоа трите најголеми светски производители на пиво, меѓу кои е и групацијата Heineken, каде припаѓа и Пивара Скопје. Во пресрет на годинешното одбележување, Пивара Скопје ја засили комуникацијата и активностите поврзани со одговорната консумација кои континуирано се спроведуваат во текот на целата година. Пораките и советите за одговорна консумација се дел од сите пивски фестивали, популарни концерти и останати манифестации кои во текот на годината ги поддржува Пивара Скопје и на кои се застапени нејзините пивски брендови, а тие се неизбежен дел и од директната комуникација со консументите преку сите комуникациски канали, вклучувајќи ги и најпопуларните социјални мрежи. Во ширењето на кулурата на одговорно консумирање алкохол, Пивара Скопје, покрај сите свои вработени, соработници и партнери, оваа година вклучи и голем број успешни јавни личности кои преку својот начин на однесување и лични пораки, претставуваат пример за останатите граѓани, особено за младите. Оваа група Амбасадори на одговорната консумација на Пивара Скопје, покрај другите ја сочинуваат и голем број спортисти, како што се членовите на македонската ракометна репрезентација, но и вљубеници во моторите и моторџиската култура, како и автомобилски асови кои зборувајќи од сопствено искуство од патувањата и настапите на најпознатите светски автомобилски рели патеки порачуваат дека алкохолот и возењето никогаш не одат заедно. Пивара Скопје активно и континуирано соработува со сите релевантни институции и невладини организации во реализацијата на активностите за ширење на културата за одговорна консумација.„Ние во Пивара Скопје веруваме дека само одговорното консумирање може да овозможи вистинско уживање во пивото. Прекумерната консумација не значи успех за нашиот бизнис и не придонесува за одржлив раст на општеството во целина. Веќе подолг период ја развиваме и надградуваме кампањата за одговорна консумација на пиво со цел подигање на свеста за одговорна консумација и намалување на последиците поврзани со прекумерното консумирање алкохол. Сметаме дека како најголем производител на пиво во земјата имаме долгорочна обврска да ја шириме културата на одговорно консумирање, да ги втемелиме и да живееме со вредностите на одговорната консумација како дел од нашето секојдневие во заедницата на која ѝ припаѓаме“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ.Кон годинешното одбележување на Светскиот ден на одговорна консумација, се вклучија пиварници од 76 земји ширум светот кои заедно со голем број институции и професионални асоцијации, граѓански организации, трговски ланци и јавни личности кои активно ги комуницираат пораките за одговорна консумација со над 200 милиони потрошувачи. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)