Компании
Почна изградбата на скопскиот Flatiron во Кисела Вода
На влезот од скопската населба Кисела Вода за помалку од две години треба да никне, во петок почнатата зграда „Адора Flatiron Скопје“, многу слична на познатата њујоршка зграда Flatiron.
На влезот од скопската населба Кисела Вода за помалку од две години треба да никне, во петок почнатата зграда „Адора Flatiron Скопје“, многу слична на познатата њујоршка зграда Flatiron.
Новиот станбено – деловен објект ќе се гради на местото на сапунарницата „Цветан Димов“, која подолг период беше запуштена и го грдеше влезот на општината. „Реализацијата на овој проект на „Адора инженеринг“ вреден 20 милиони евра е најголема домашна инвестиција во високоградбата во Македонија, со економски обрт од повеќе од 40 милиони евра во двете насоки. Зградата се планира да се изгради за 24 месеци со ангажман на 350 градежни работници, македонски неимари, високостручни кадри, подизведувачи, кооперанти и добавувачи“, рече Ванчо Чифлиганец, директор на Адора инженеринг.Тој додаде дека одлучил да гради ваков објект затоа што во далечната 1989 година прв пат бил во Њујорк, и се фотографирал токму пред зградата Flatiron, триаголнеста зграда со облик на пегла, која го фасцинирала. „Кога почнав во својата кариера да се занимавам и со градежништво, имав желба тоа да го направам. Можеби понекогаш фантазиите и соништата сами по себе доаѓаат“, рече Чифлиганец.Елитниот комплекс ќе се гради на влезот во Кисела Вода, познат како Стара Рампа, на само еден километар од центарот на градот. Зградата е со висина од 54 метри, ќе има 16 ката, три влеза и седум лифтови. Во неа ќе има 279 станови со површина од 31 до 119 м2 и луксузен апартман на врвот од 260 м2, со фантастичен поглед на Скопје, на порта „Македонија“ и градскиот плоштад.Во приземјето и мезанинот ќе има 29 деловни простории со површина од 45 до 1.770 м2. Објектот има 350 сопствени паркиралишта, најголемиот дел на три подземни нивоа. Објектот се гради на површина од 4.412 м2, купени за речиси 3.000.000 евра, а во зградата ќе бидт вградени 25.000 м3 бетон и 2.500 тони железо. Објектот ќе ја има потребната асеизмичка стабилност, стандардизиран европски квалитет, А-енергетска класа, а ќе понуди одлични услови за домување. Цената на становите во зависност од условите ќе се движи од 1.100 до 1.250 евра за метар квадратен.„Уште еднаш се покажува дека во градот Скопје и во Македонија има добра клима за инвестирање и македонски компании како „Адора инженеринг “ кои најдоа свој интерес и се еден од големите инвеститори во градот Скопје. Ние како град Скопје, јас како градоначалник максимално ги поддржуваме инвеститорите, во решавањето на сите проблеми коишто можат да им настанат во реализирањето на нивните проекти којшто се во надлежност на градот Скопје, а и да не се, ние помагаме и во институциите за да може тоа што побрзо да се реши и нинвите објекти коишто тие ги градат да бидат што побрзо изградени“, рече градоначлникот на Скопје, Коце Трајановски.Чифлиганец најави дека првите станари во зградата најверојатно ќе можат да се вселат кон крајот на 2016 година,а зградата целосно ќе биде завршена за две години./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

