Компании
Почнува со работа првата од четирите хидроелектрани на Кондоте Италија
Првата хидроцентрала, лоцирана на Ештеричка Река, над Пробиштип, почнува со комерцијална работа зимава, а останатите три хидроцентрали се во фаза на градежни активности, пробивање на пристапни патишта или подготвителни активности за реализација на проектите, со инвестиција од 19 милиони евра на „Кондоте Италија“.
Министерот за економија Беким Незири и претседателот и сопственик на „Кондоте Италија“ Дучо Асталди на прес-конференција го означија стартот на првата од четирите мали хидроелектрани, кои претставуваат инвестиција во вкупна вредност од 19 милиони евра.„Оваа инвестиција во делот на обновливите извори на енергија на водечката италијанската градежна компанија ’Кондоте’, преку фирмата ИМПГ ДОО Скопје, покрај изградбата на 4 хидроцентрали, и тоа на Ештеричка, Кадина и Зрновска Река две, придонесе за ангажирање на многу локални македонски компании во изведбата на овие мали хидроцентрали и на тој начин дополнително позитивно влијае на македонската економија“, рече Незири.Првата хидроцентрала, лоцирана на Ештеричка Река, над Пробиштип, стартува со комерцијална работа зимава, а останатите три хидроцентрали се во фаза на градежни активности, пробивање на пристапни патишта или подготвителни активности за реализација на проектите, во зависност од локацијата.„Посебно сум задоволен што Кондоте Италија изрази интерес за инвестиција во Македонија, бидејќи станува збор за компанија со над 130 години традиција во градежниот бизнис, распространета на сите континенти со големи градежни проекти, со годишен обрт од 1,2 милијарди евра, а уште повеќе што во разговорот што го имавме со Асталди, кој ја посети Македонија за лично да се увери во прогресот на инвестицијата, тој изрази интерес за дополнителни инвестиции во Македонија, во делот на големите хидроелектрани Чебрен и Галиште и патот Скопје-Блаце“, рече Незири.Сопственикот на „Кондоте Италија“, Дучо Асталди е задоволен од соработката со Македонија, каде како што рече, наишле на искусни вработени и на професионална соработка со локалните македонски компании.„Кондоте Италија, со историја од 135 години, ја реализираше првата инвестиција од 19 милиони евра во четири мали хидоелектрани за производство на електрична енергија, а бидејќи многу сме задоволни од соработката и поддршката која ја имаме од македонската Влада, планираме да продолжиме со нови ивестиции во Македонија во иднина“, рече Асталди./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

